Реал Мадрид бара 80 милиони евра од шест англиски клуба за пропаднатата Суперлига

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Реал Мадрид официјално побара од шестте англиски премиерлигашки клуба кои први се повлекоа од проектот за Европската Суперлига да го платат својот дел од трошоците за формирање на натпреварувањето, објави „The Athletic“. Станува збор за Арсенал, Челси, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Тотенхем, кои експресно се повлекоа по жестоките протести на нивните навивачи, но „кралскиот клуб“ смета дека потписот на хартија си има своја тежина и своја цена. Според информациите на „The Athletic“, вкупните иницијални трошоци за промоција и поставување на Суперлигата достигнале 80 милиони евра. Досега овој финансиски товар го носеа исклучиво најупорните — Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, иако последните два клуба подоцна формално кренаа раце од идејата. Сите 12 клубови-основачи во 2021 година ставија потпис на акционерски договор за формирање на компанијата „European Super League Company“ со седиште во Шпанија, во кој јасно стои дека клубовите „заеднички ќе го поседуваат и менаџираат“ проектот. Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, уште тогаш предупреди: „Немам намера да објаснувам што значи обврзувачки договор, но фактот е дека клубовите не можат само така да си заминат.“ Сега Мадрид бара правдата и парите да излезат на виделина и сметката да се подели на 12 еднакви дела, што значи дека секој од шесте англиски клубови би требало да плати свој дел од вкупните 80 милиони евра. Откако пропаднаа и подоцнежните обиди на агенцијата А22 да го репакува проектот во формат со 64 или 96 клубови, таканаречената Unify League, јасно е дека приказната за Суперлигата е ставена во фиока. Индикативно е тоа што Реал Мадрид токму сега го најмува Бернд Рајхарт, доскорешниот извршен директор на А22, како свој нов шеф за деловни операции, што само потврдува дека „кралевите“ тргнуваат во финансиска офанзива за наплата на долговите. Англиските клубови досега одбиваа да коментираат, надевајќи се дека нивните обврски завршиле во моментот кога објавија јавно извинување до фановите.

Реал Мадрид бара 80 милиони евра од шест англиски клуба за пропаднатата Суперлига | FinPortal.mk

Реал Мадрид официјално побара од шестте англиски премиерлигашки клуба кои први се повлекоа од проектот за Европската Суперлига да го платат својот дел од трошоц