Раванели поразот од Лацио го нарече најлош настап на Јувентус во ерата на Спалети
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Поранешниот италијански репрезентативец Фабрицио Раванели остро го критикуваше настапот на Јувентус по домашниот пораз од 3-0 од Лацио во Торино, оценувајќи го како најлош настап на „старата дама“ во ерата на тренерот Лучијано Спалети. Раванели, кој добро знае што значи да се носи дресот на „бјанконерите“, изрази разочарување од она што го видел вчеравечер, пренесува Дерби. Јувентус има освоено само 11 бода по седум натпревари во Калчото, што е прескромен учинок за екипа која е великан и од која се очекува да се бори за највисок пласман. Поразот од Лацио само ги зголеми критиките и притисокот врз тренерот Спалети, но и врз играчите од кои се очекува многу повеќе. „Навистина негативна вечер за Јуве. Мислам дека играчите играа без многу храброст, без многу решителност, не ги добија своите стартови, немаа тој оган во себе што ви е потребен ако ќе го носите дресот на бјанконерите. Тоа беше истрошен тим, кој се мачеше пред голот и прими премногу лесни погодоци, особено вториот и третиот гол. Јуве беше непрепознатлив, најлошиот настап во ерата на Спалети“, изјави Раванели. Според него, на тимот му недостасува личност повеќе од сè. „Многу играчи даваат чувство дека не ја сакаат топката, дека се кријат. Ова е Јувентус кој не е на ниво. Много играчи покажаа дека не се достојни за дресот на Јувентус. Вината е на сите, не можете само да покажувате со прст кон тренерот, клубот или тимот. Но, од страна на играчите, очекував да видам повеќе во однос на гордоста, во однос на тој оган“, истакна тој. Раванели потсети и на времето кога самиот го носеше дресот на Јувентус, нагласувајќи ја колективната одговорност во одбраната. „Кога се браните, сите го правите тоа заедно. Кога играв за Јуве, Вијали, Дел Пјеро и јас, па дури и Баџо пред нас, бевме првите дефанзивци. Овој тим нема напаѓач со 15-20 голови во сезона. Еден од најголемите проблеми е последната третина. Нешто недостасува во сите оддели, но повеќе од сè, им недостасува личност. Ова е лошо изграден тим“, порача некогашниот ита