Раул Гонзалес си замина од Партизан, клубот остана без тренер, без управа и без најдобрите играчи
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Ракометниот клуб Партизан од Белград се најде во целосен распад по финансиските и политичките турбуленции поврзани со генералниот спонзор, кои предизвикаа домино-ефект врз раководните структури и стручниот штаб. Најголемата жртва на новонастанатата ситуација е амбициозниот спортски проект што беше најавен на почетокот од сезоната, кога во „Хумска“ се зборуваше за моќен, европски Партизан. Денес сликата во Белград е сосема поинаква — клубот го напуштија трофејниот шпански стратег и актуелен селектор на Србија, Раул Гонзалес, како и еден од клучните играчи, левиот бек Милош Кос. Раул Гонзалес, поранешен предводник на македонската репрезентација и освојувач на Лигата на шампионите со Вардар, пристигна во Партизан ова лето со договор до 2028 година, со цел да изгради моќен тим. По неполни три месеци, тој одлучи да го раскине договорот со „црно-белите“ во новонастанатата ситуација, како што стои во официјалното соопштение на клубот објавено на социјалните мрежи. Во истото соопштение се наведува дека екипата до крајот на сезоната ќе ја води досегашниот помошник, Марко Павловиќ. Гонзалес тимот го предводеше и во Лигата на шампионите, но по неполни три месеци го напушти бродот што тоне. Веднаш по Раул, клубот го напушти и левиот бек Милош Кос, кој според српските медиуми веќе има договорено трансфер во германската Бундеслига, во редовите на Вецлар. Спортскиот егзодус беше инициран од финансискиот колапс, откако претседателот Миљан Жугиќ поднесе оставка поради блокадата на сметките на клубот. Неговото повлекување автоматски значеше и распуштање на целиот Управен одбор. Во соопштението се наведува дека ваквата одлука е донесена поради неможноста да го финансира клубот заради новонастанатата ситуација со блокадата на банката. Српските медиуми пренесуваат загрижувачки информации дека на ракометарите сезонава им се исплатени само две плати, додека на поискусните играчи им се должат и пари од минатата сезона. Оваа сериозна криза во Партизан ги става под прашалник и настапите на о