Растот на економијата не ги подобрува платите — Светска банка открива каде заглавјува Западен Балкан
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Западниот Балкан годинава ќе забележи економски раст од 3,1 отсто, но зад тие позитивни бројки се крие сериозен проблем — компаниите тешко се пробиваат и уште потешко опстојуваат на странските пазари, а граѓаните немаат доволно можности за поквалитетни и подобро платени работни места. Ова го покажува новиот есенски извештај на Светска банка, објавен денеска, според кој економиите во регионот стануваат поотпорни на надворешни кризи, но бирократијата, непредвидливите прописи и високите трговски трошоци продолжуваат да го ограничуваат нивниот развој. Извештајот носи наслов „Од влез на пазарот до одржлив извоз“ (From Market Entry to Export Endurance) и опфаќа шест економии на Западен Балкан. Според прогнозите во него, регионот ќе оствари раст од 3,1 отсто оваа година, по проценетите 2,6 отсто во 2025 година, а за 2027 и 2028 година се предвидува раст од по 3,4 отсто. Сепак, Светска банка предупредува дека економската отпорност сама по себе не е доволна за приближување на животниот стандард до европскиот. Главното прашање што го поставува извештајот е дали растот што се бележи во статистичките извештаи создава нови производствени капацитети, продуктивни компании и работни места што обезбедуваат повисоки приходи. Токму тука, според Светска банка, се крие слабоста на регионот — бројките растат, но тоа не се прелева автоматски во подобри плати и поквалитетни работни места. За Македонија, Светска банка прогнозира економски раст од 3,2 отсто во 2026 година, што е малку над регионалната стапка од 3,1 отсто. Според националниот економски преглед, растот е поддржан од приватната потрошувачка, инвестициите во инфраструктурата и зголемените плати. Но, ваквата структура на растот отвора важно прашање: колкав дел од економското проширување доаѓа од поголема продуктивност и посилен извоз, а колкав од потрошувачката и инвестициите што не мора трајно да ја зајакнат конкурентноста на економијата. Според извештајот, клучниот предизвик за компаниите во регионот не е само влезот на странск