Растодер бара прв гол во националниот дрес на гостувањето кај Швајцарија
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Македонската фудбалска репрезентација денеска го игра најтешкото гостување во досегашниот тек од Б сегментот на Лигата на нации, каде што во Луцерн ќе се соочи со селекцијата на Швајцарија. Избраниците на селекторот Гоце Седлоски влегуваат во овој дуел со јасна цел – да го поправат впечатокот од последните настапи и конечно да стигнат до прв позитивен резултат во овој мини циклус од натпреварувањето. Швајцарците досега целосно ја потврдија улогата на фаворит во групата, а еднаш веќе ја совладаа и Македонија. Сепак, крилниот напаѓач Елмин Растодер смета дека токму сега е вистинскиот момент да го постигне својот прв гол во националниот тим и воедно да ги потсети ривалите на формата со која настапуваше додека го носеше дресот на Тун. Растодер ќе има неколку причини за задоволство доколку успее да ја затресе мрежата во Луцерн, но најважно од сè е да и помогне на репрезентацијата да остане барем непоразена во дуелот со фаворитот. „Мислам дека ова е вистински момент за тој гол“, изјавил Растодер за швајцарските медиуми, алудирајќи на фактот што сè уште нема постигнато гол во националниот тим, иако помина повеќе од една година од неговото деби. Со евентуален погодок во Луцерн, Растодер истовремено би ставил крај и на негативната серија на Македонија без постигнат гол во ова издание на Лигата на нации. За него лично тоа би бил прв гол и на стадионот во Луцерн, каде што не успеал да реализира како член на шампионската генерација на Тун. Растодер не крие дека на претходните натпревари на македонската селекција ѝ недостигала креативност, но потврдува дека стручниот штаб и играчите во изминатите денови разговарале и гледале снимки за да го коригираат токму тој сегмент од играта. „На претходните натпревари ни недостасуваше креативност, гледавме и разговаравме како да го коригираме тоа изминативе денови. Не треба да се заборави и многу поголемиот квалитет на ривалите во Б сегментот“, изјавил Растодер. Неговите зборови ја отсликуваат реалноста со која се соочува македонската репре