Распишана постапка за проектантска куќа за експресниот пат Радовиш – Ново Село

FinPortal.mk · 26.9.2026 г.

Распишана е постапка за избор на проектантска куќа која ќе работи на целокупната документација за изградба на експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија, најави денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Според неговите зборови, идејата е да се изгради експресен пат кој ќе оди од Радовиш преку Струмица, па сè до Ново Село – граница со Бугарија, со што ќе се добие уште едно поврзување од автопатски тип или експресен пат со Република Бугарија. Николоски појасни дека во овој момент е почната постапката за избор на куќа која ќе работи на целокупната документација, која опфаќа предпроектна документација, еколошки студии, социјални студии и физибилити студија. Рокот за поднесување на понуди е до 8 октомври, по што се очекува да биде избран изведувачот. Во рок од шест до девет месеци треба да завршат студиите, а потоа ќе се распише тендер за изградба. Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт изјави дека проектот ќе се гради со сопствени средства од Јавното претпријатие за државни патишта. Тој оцени дека ЈПДП е во добра кондиција, има добри приливи на средства и дека ќе може да го гради овој проект. „Еве нека не е ветено, но ако сè оди добро и имаме добра постапка за избор, сега прво на консултантска куќа, а после тоа на изведувач, очекувам до есента веќе да ги започнеме градежните активности на терен, што ќе значи многу. Нема да одиме само до Струмица, туку ќе одиме до границата со Бугарија“, истакна Николоски. При посетата на општина Радовиш, Николоски соопшти и дека повеќе од 250 милиони денари се инвестираат во Радовиш за подобрување на инфраструктурата и развој на општината. Тој порача дека Владата е отворена за соработка и дека доколку Општината има готови проекти, таа е подготвена да ја поддржи. Во завршна фаза е и новиот Градски пазар во Радовиш, кој се очекува да биде пуштен во употреба за околу еден месец. Неговата вредност е 2 милиони евра и се реализира од буџетот на Општината. Најавата за експр

Распишана постапка за проектантска куќа за експресниот пат Радовиш – Ново Село | FinPortal.mk

Распишана е постапка за избор на проектантска куќа која ќе работи на целокупната документација за изградба на експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија,