Рамон Вега ја објави кандидатурата за претседател на ФИФА — предизвик за Џани Инфантино на изборите во 2027 година
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Поранешниот швајцарски фудбалски репрезентативец Рамон Вега ја најави својата кандидатура за претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА) на изборите што ќе се одржат следната година. Со тоа тој стана првиот кандидат кој јавно потврди дека ќе се обиде да му се спротивстави на актуелниот прв човек на ФИФА, Џани Инфантино. Вега, кој денес има 55 години, е поранешен репрезентативец на Швајцарија. Во текот на својата играчка кариера настапувал за Грасхоперс, Каљари, Тотенхем, Селтик, Вотфорд и Кретеј. Професионалната кариера ја завршил во 2004 година, по што главно се занимавал со финансии, што според неговите сопствени зборови го подготвило за работа во фудбалската администрација. Во соопштението со кое ја објави кандидатурата, Вега порача дека се кандидира за повторно да го обедини глобалното фудбалско семејство, да спроведе вистински и трајни реформи, да ја модернизира ФИФА и да ја врати стабилноста и кредибилитетот, како и довербата која, како што оцени, итно му е потребна на спортот. Тој истакна дека фудбалот не им припаѓа на претседателите, конфедерациите или администраторите, туку на играчите, тренерите, судиите, навивачите, клубовите, лигите, федерациите и заедниците ширум светот. Според него, фудбалот мора секогаш да биде на прво место, но поделбите предолго го разединуваа фудбалското семејство. Вега оцени и дека актуелното раководство го демотивираше спортот, додека лошото управување го наруши кредибилитетот на ФИФА и довербата во целото фудбалско семејство. Тој нагласи дека конфликтите во фудбалската администрација не смеат да ги загрозуваат играчите. Ова не е прв обид на Вега да застане на чело на ФИФА. Тој ја разгледувал можноста да се кандидира за претседател уште во 2015 година, по суспензијата на тогашниот претседател Сеп Блатер. Четири години подоцна, во 2019 година, најавил дека ќе се кандидира против Инфантино, но не успеал да ја обезбеди потребната поддршка за учество на изборите. За кандидатурата тогаш било потребно да добие поддршка од најм