Радиолошките технолози од Струга: Без нив нема современа дијагностика

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Околу двесте радиолошки технолози од цела Македонија се собраа во Струга на 12-тиот Конгрес на Здружението на радиолошки технолози, кој се одржува во хотелот Дрим до 20 септември 2026 година. Главната порака што ја испратија од собирот е јасна и недвосмислена: радиолошкиот технолог е столб на современата дијагностика и терапија. Конгресот оваа година се одржува со силна и активна соработка на три стручни асоцијации, што според организаторите му дава посебна тежина и значење. Настанот го организираат Здружението на радиолошки технолози, Македонската асоцијација на радиолози (МАР), Македонската асоцијација на радиотерапевти онколози (МАРО) и докторите специјалисти по нуклеарна медицина. Според организаторите, овој собир ја обединува стручната фела и претставува врв на едукацијата и размената на искуства во областа на радиологијата. Претседателот на Здружението на радиолошки технолози, Ведрит Ибушоски, истакна дека овогодишното издание на Конгресот има посебна тежина токму поради соработката со МАР, МАРО и специјалистите по нуклеарна медицина. „Оваа синергија меѓу радиолошките технолози, радиолозите, радиотерапевтите – онколози и специјалистите по нуклеарна медицина испраќа моќна порака: успехот во модерната медицина се темели на мултидисциплинарен пристап и тимска работа“, изјави Ибушоски. Организаторите длабоко веруваат дека инвестирањето во знаењето и професионалниот развој на радиолошките технолози е директна инвестиција во повисок квалитет на целиот македонски здравствен систем. Според нив, иднината на радиологијата не ја градат професии што работат една покрај друга, туку професионалци што работат заедно. Доц. д-р Соња Николова, директор на ЈЗУ Универзитетски институт за радиологија – Скопје и претседател на Македонската асоцијација на радиолози – МАР, објасни дека токму затоа МАР оваа година застана зад Конгресот на Здружението на радиолошки технолози на Македонија. „Радиологот и радиолошкиот технолог се дел од ист тим, а со развојот на новите технологии, радиот

Радиолошките технолози од Струга: Без нив нема современа дијагностика | FinPortal.mk

Околу двесте радиолошки технолози од цела Македонија се собраа во Струга на 12-тиот Конгрес на Здружението на радиолошки технолози, кој се одржува во хотелот Др