Радиолошките апарати во сервис, пациентите за КТ снимања упатени во „8-ми Септември“ и Хируршката клиника
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Министерството за здравство соопшти дека во координација со Универзитетскиот институт за радиологија е во тек сервисирање на апаратите за компјутерска томографија кои се во дефект, при што се прават напори тие што побрзо да бидат ставени во функција. Од ресорот информираа дека уште од почетокот на оваа недела е направена реорганизација за упатување на пациентите, со цел навремено добивање на потребната здравствена услуга. „За обезбедување континуитет на здравствената заштита, непречено згрижување на итните пациенти и навремена КТ дијагностика и до нивно повторно ставање во функција, пациентите се згрижени, односно снимањата се вршат во ГОБ ‘8-ми Септември’ и Хируршката клиника ‘Св. Наум Охридски’ во Скопје“, велат од Министерството за здравство. Од таму додаваат дека здравјето и безбедноста на пациентите се приоритет, поради што до повторното ставање во функција на апаратите, пациентите упатени за компјутерска томографија се примаат и снимаат според однапред утврдена динамика. Во ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“, на одделот за дијагностичка и интервентна радиологија, снимањата се вршат од 08:00 до 14:00 часот и од 20:00 до 02:00 часот. Во ЈЗУ Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје, пак, пациентите се примаат од 14:00 до 20:00 часот и од 02:00 до 08:00 часот. Според информациите од Министерството, организацијата е времена и ќе се применува само додека апаратите на Универзитетскиот институт за радиологија не се вратат во функција. Оттука ги молат пациентите и лекарите доследно да ја почитуваат наведената временска динамика, наведувајќи дека за секоја промена на состојбата, како и за повторно воспоставување на редовниот режим на работа, сите релевантни здравствени установи, служби и јавноста ќе бидат навремено информирани. Од ресорот за здравство потенцираа дека се вложуваат максимални напори за што побрзо ставање во функција на оваа апаратура, со целосна посветеност кон непрекинато обезбедување квалитетна здравствена заштита. Дополнително, како што е навед