Радичевски бара поголема поддршка во вториот круг, Мицкоски повикува на единство во Брвеница

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, очекува поголема поддршка во вториот круг од локалните избори и победа, а најави дека со поддршка од Владата и премиерот Христијан Мицкоски се реализираат повеќе проекти во општината. Радичевски денеска, заедно со Мицкоски, беше во теренска посета на населените места Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница. „Најнапред сакам да му се заблагодарам на претседателот за поддршката за сите проекти што се во фаза на реализација, а кои ги набројавме претходните денови“, изјави Радичевски. Тој нагласи дека очекува во вториот круг граѓаните да дадат уште поголема поддршка и дека резултатот ќе биде победа за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски, пак, порача дека изборите во Брвеница треба да бидат во знак на единство и заедништво, обвинувајќи ги политичките противници дека поттикнуваат поделби по етничка линија. „Тие зборуваат за поделби по етничка линија, ние се обраќаме на сите граѓани овдека во општина Брвеница и зборуваме за заедништво. Зошто? Затоа што за нив овие избори се спас на нивните политички кариери, политички кариери коишто нема да останат запаметени по ништо друго освен по криминалот и поделбите коишто ги правеа и затоа кога зборуваме за обединување и она што ние го промовираме, зборуваме и за крај на нивните политички кариери коишто останаа такви какви што се и нема да бидат запаметени ама по апсолутно ништо“, изјави Мицкоски. Премиерот оцени дека изборите во Брвеница имаат значење и пошироко од локалните рамки и ги повика жителите внимателно да одлучат за кого ќе го дадат својот глас. „Би сакал да ги повикам жителите на општина Брвеница, кога ќе излезат на следните избори да размислат добро за кого ќе гласаат бидејќи следните избори, пораката којашто ќе ја испратат не е само порака за општина Брвеница, туку е и порака за цела Македонија. Бидејќи едната опција е опцијата којашто нуди криминал и поделби, а опцијата којашто ние ја промовираме, позади којашто застанавме, позади идниот

Радичевски бара поголема поддршка во вториот круг, Мицкоски повикува на единство во Брвеница | FinPortal.mk

Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, очекува поголема поддршка во вториот круг од локалните избори и победа, а на