Работнички убедливо го совлада Тиквеш, Куманово со прва победа сезонава
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Кошаркарите на Работнички и Куманово ги забележаа своите победи во второто коло од машката Супер лига, откако скопскиот тим лесно го совлада Тиквеш со 86-70, додека кумановци пред својата публика беа подобри од дебитантот Штип со 70-59. Натпреварот во салата „Лазар Лечиќ“ во скопскиот Градски парк немаше неизвесна завршница, бидејќи Работнички уште од самиот старт ја презеде контролата над играта и многу брзо стигна до двоцифрена предност. Во првите десет минути домаќините имаа седум поени позитива, а веќе на полувремето имаа убедливи 23 поени разлика, по што беше јасно дека екипата од Градски парк ќе се израдува на триумфот. Најефикасен во победничкиот тим беше Ефремовски, кој натпреварот го заврши со 24 поени. Двоен ефект имаа Рикиќ со 14 поени и 13 скока, како и Говенс со 12 поени и 11 асистенции, што дополнително ја потврди доминацијата на Работнички во овој дуел. Далеку поинтересно и понеизвесно беше на натпреварот во Куманово, каде гостуваше дебитантот Штип. Кумановци се израдуваа на првата победа сезонава со конечни 70-59, откако во првото полувреме двата тима добија по еден квартал. Првиот им припадна на гостите со 15:21, а вториот на домаќините со 14:13. Во второто полувреме избраниците на тренерот Марин Докузовски заиграа далеку поквалитетно. Иако имаа негатива од десет поени, тие успеаја да ја надополнат до крајот на третиот квартал и во последниот да влезат со четири поени предност. Стекнатата предност само ја надградуваа, а во еден момент водеа со најголеми 12 поени разлика, за на крајот да слават со 11 поени предност. Ѓуроски, кој постигна 16 поени, беше прв стрелец во победничката екипа, за која Мекиќ додаде 15 поени и девет асистенции, а Стевановиќ заврши со 13 поени. Со оваа победа Куманово ја запиша првата победа во новата сезона, додека Штип остана без триумф во својот дебитантски настап во елитното друштво. Работнички, пак, со втората победа сезонава ја потврди добрата форма од почетокот на првенството и останува во горниот дел од табелата. Екипа