Прв часовник за колекција: убавината пред профитот, велат експертите
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Иако паметните телефони и носливите уреди точно го покажуваат времето, многу луѓе сè уште претпочитаат традиционални часовници — поради практичноста, естетиката или вреднувањето на добро изработен аналоген механизам. Според податоците на Statista, глобалниот пазар на часовници надминува 135 милијарди долари, со проектиран годишен раст над 5,6 отсто, и покрај застојот на луксузниот пазар. Часовникот може да биде статусен симбол или моден детал, но и популарен предмет за колекционери. За почетниците, сепак, собирањето часовници најдобро е да се третира како хоби. Повеќето часовници губат вредност, а оние што ја зголемуваат тешко се препознаваат и купуваат по малопродажна цена. Чарлс Тијан, основач и извршен директор на WatchCharts, платформа за пазарни истражувања што ги следи цените на половните часовници, објаснува дека е можно да се заработи од купување и продавање часовници, но дека колекционерите тешко можат да ги надминат традиционалните инвестиции како индексот S&P 500 на долг рок. „Не би влегол во колекционерство на часовници исклучиво од финансиска перспектива“, изјави Тијан. Мaјк Џонсон, основач на WatchPatrol, сајт што собира податоци за секундарниот пазар на часовници, е уште појасен: „Како колекционер и ентузијаст би очекувале да кажам дека часовниците се одлична инвестиција, но главно не се. Мнозинството часовници губат вредност и тешко е да се каже кои нови референци ќе станат модерни класици.“ Во индексот на WatchCharts изминатата година, квалитетни часовници како Breitling Superocean 42 и Panerai Luminor GMT забележаа значителен пад на вредноста. „Тоа се одлични часовници со намалени цени, и тоа е нормалниот случај, не исклучокот“, додаде Џонсон. Сепак, постојат исклучоци. Во ретки случаи, часовникот може драстично да поскапи. Ролекс Дejтона што го поседувал актерот Пол Њуман, чија малопродажна цена во 1972 година била само 210 долари, во 2017 година на аукција бил продаден за тогаш рекордни 17,8 милиони долари. Тијан потсетува дека Ролекс Submari