Пругата Велес – Битола влегува во ИПА 3: електрификација, реконструкција и нови возови
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Железничката делница од Велес до Битола ќе биде реконструирана, надградена и електрифицирана со средства од европската програма ИПА 3, соопшти заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Според него, проектот веќе е вклучен меѓу приоритетите на оваа програма, а планот предвидува и набавка на девет нови патнички возови и пет електрични локомотиви во следните две до три години. Николоски изјави дека за оваа цел вчера бил одржан состанок за програмите ИПА 2 и ИПА 3 со амбасадорот на Европската Унија и неговиот тим, на кој било потврдено дека целата делница од Велес до Битола влегува во ИПА 3. Како што објасни министерот, програмата треба да биде усвоена од страна на Европската Унија до крајот на годината, а да стане оперативна од 1 јануари. По нејзиното одобрување, според неговите зборови, ќе следуваат тендерски постапки, избор на изведувач и реализација на градежните работи. Клучната цел на проектот е да се отстрани сегашното ограничување поради кое возовите што продолжуваат од Велес кон Битола мора да користат дизел-локомотиви. Николоски објасни дека до исклучувањето кај Велес пругата е електрична, но потоа е неопходна дизел-локомотива, поради што со електрификацијата превозот ќе стане и поевтин и еколошки поповолен. „Така што, ако имаме електрична, ем ќе биде поевтино, ем еколошки е подобро“, посочи министерот во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5. Паралелно со модернизацијата на железничката инфраструктура, Владата подготвува и обновување на возниот парк. Според Николоски, веќе е постигнат договор со Европската банка за обнова и развој за набавка на најмалку пет електрични локомотиви. „Се договоривме со Европската банка за обнова и развој за набавка на најмалку пет електрични локомотиви. Нагласувам, електрични, што е во насока на зелената агенда што ја спроведуваме“, рече тој. Во завршна фаза се и разговорите со Светската банка за набавка на пет до седум нови патнички гарнитури. Со влегувањето на делницата Велес – Битола во п