Прометот на Македонската берза во октомври намален за 45,5 отсто, акцијата на Окта со најголем раст
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Прометот на Македонската берза во октомври изнесувал 219,1 милион денари, што е за 45,56 отсто помалку во однос на септември, покажуваат податоците од месечниот статистички билтен на берзата. Истиот месец е намален и бројот на трансакции, а берзанскиот индекс МБИ10 го завршил месецот со пад од 1,87 отсто. Според билтенот, минатиот месец се реализирани 1.054 трансакции или 33,79 отсто помалку од септември. Податоците покажуваат и пад на прометот кај класичното тргување што се оправдува со намалената понуда на државни хартии од вредност. Прометот со акции во класичното тргување се намалил за 31,6 отсто на 188,2 милиони денари. Прегледот на движењето на акциите на компаниите покажува дека најголем раст на вредноста на акцијата има кај компанијата Окта, која бележи месечно зголемување од 14,96 отсто, од 5.175 денари на 5.949 денари. Носител на вториот по големина раст е Хотели Метропол Охрид, чија акција порасна за 8,70 отсто, од 230 денари на 250 денари. Акцијата на градежната компанија Гранит порасна од 1.500 на 1.550 денари, што е зголемување од 3,33 отсто, додека акцијата на ТИТАН Усје порасна за 2,22 отсто, на 46.000 денари. Раст од 0,20 отсто бележи и акцијата на Алкалоид, која во октомври достигна цена од 22.152,74 денари. На спротивната страна, пад на вредноста на акцијата во октомври забележаа акцијата на Македонијатурист, која се намали за 17,14 отсто, од 7.000 на 5.800 денари. Акцијата на Македонски Телеком се намали за 6,27 отсто, од 495,01 на 463,96 денари. Пад забележаа и акциите на банките. Акцијата на Стопанска банка Скопје изгуби 4,85 отсто од вредноста, на НЛБ Банка 3,15 отсто, додека на Комерцијална банка 2,79 отсто. Кај Макпетрол намалувањето изнесува 2,11 отсто, а кај Реплек 1,93 отсто. Најголем пад на вредноста на акцијата има кај компанијата Факом, од 99,17 отсто. Акцијата во септември вредела 6.984 денари, а вредноста во октомври се спуштила на само 58 денари. Најголем промет со акции на официјалниот пазар во октомври оствари Комерцијална банка,