Прометот на Македонска берза падна во септември, но бројот на трансакции скокна

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Македонската берза во септември забележа пад на вкупниот промет од 9,76 отсто, кој изнесуваше околу 6,5 милиони евра, и покрај тоа што бројот на реализирани трансакции се зголеми за 65,83 насто, односно беа регистрирани 1.592 купопродажби. Оваа спротивност помеѓу намалениот промет и зголемената активност на инвеститорите ја одбележа трговијата во деветтиот месец од годината, покажуваат податоците од септемврискиот билтен на Македонска берза. Како и вообичаено, најголем удел во месечното салдо имаа пет акции што се во фокусот на инвеститорите. Со остварените 4,1 милион евра во вкупниот промет, овие пет хартии учествуваа со 62,7 отсто, додека во прометот со акции на официјалниот пазар нивниот удел достигна 91,96 отсто. Кај трансакциите процентот е уште повисок и изнесува 85,9 отсто, односно со нив беа регистрирани 1.368 тргувања. И во септември интересот на инвеститорите беше насочен кон акцијата на Комерцијална банка. Ефектот од забележаните 811 трансакции е 6.523 истргувани акции за 2.592.964 евра, што претставува удел од 58,18 отсто во вкупниот промет. Притоа, беше достигнат ценовен максимум од 25.949 денари, минимум од 22.850 денари и просек од 24.463,13 денари. Втората најтргувана акција во септември беше онаа на Алкалоид. Во текот на месецот вредноста на оваа акција се движеше од 21.745 до 23.749 денари, а септември е завршен со просечни 22.500,34 денари. Во 2.152 акции се вложени 786.796 евра, а тоа е постигнато низ 280 трансакции. Во прометот Алкалоид партиципираше со 17,65 отсто. Со 436 акции на НЛБ Банка е направен промет од 362.163 евра, кои зафаќаат 8,12 отсто од месечниот промет на берзата. Низ 117-те тргувања цената одела од 46.500 до 51.998 денари, со просечна вредност од 51.093,77 денари. Највисока цена од петте најтргувани акции имаше акцијата на Макпетрол, каде просекот изнесуваше 106.837,70 денари, а месечниот распон се движеше од 105.500 до 108.000 денари. Истргувани се 132 акции, а исходот по реализираните 60 трансакции е промет од 229.061 евро и

Прометот на Македонска берза падна во септември, но бројот на трансакции скокна | FinPortal.mk

Македонската берза во септември забележа пад на вкупниот промет од 9,76 отсто, кој изнесуваше околу 6,5 милиони евра, и покрај тоа што бројот на реализирани тра