FinPortal.mk

Променливо облачно со сончеви периоди, температурите до 22 степени

Автор: Редакција на FinPortal.mk  · 
Променливо облачно со сончеви периоди, температурите до 22 степени

Македонија денеска ја очекува променливо облачно време со сончеви периоди, а дневните температури ќе достигнат до 22 Целзиусови степени. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Утринските температури ќе се движат од 3 степени во Берово до 11 степени во Гевгелија. Дневните температури пак ќе бидат во интервал од 15 степени во Маврово до 22 степени во Гевгелија, соопшти УХМР.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата во главниот град ќе се движи од 6 до 20 степени.

Во недела се очекува променливо облачно време, со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат од 6 до 12 степени, а максималните дневни ќе се движат од 17 до 22 степени.

Според прогнозата на УХМР, на почетокот на следната недела ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува и на некои места ќе надминува 50 километри на час.

Минималните температури на почетокот на следната недела ќе се движат од 4 до 11 степени, додека максималните ќе бидат во интервал од 16 до 23 степени.