Професорката Малиш Саздовска: Посебните истражни мерки се оправдани кога се спасуваат човечки животи
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Посебните истражни мерки и примената на криминалистичкото разузнавање се клучни алатки за спречување тешки кривични дела и терористички напади, оцени универзитетската професорка по криминалистика, проф. д-р Марина Малиш Саздовска. Таа во емисијата „Ноќно студио“ на „4ТВ“ истакна дека, иако овие мерки во одредена мера ги задираат човековите права, нивната примена е целосно оправдана кога целта е спасување човечки животи. Професорката направи анализа на правната рамка и на историскиот развој на примената на овие мерки во македонските безбедносни служби, како и на нивната практична цел во борбата против тероризмот и организираниот криминал. Според неа, за разлика од минатото кога разузнавачките и контраразузнавачките мерки беа регулирани со интерни акти во Министерството за внатрешни работи, денес тие се прецизно утврдени со закон. „Од осамостојувањето до денес имаме позитивен чекор напред — законското регулирање на мерките што може да ги применува Агенцијата за национална безбедност, но и криминалистичката полиција, Управата за финансиско разузнавање и Финансиската полиција. Со јасно дефинираните надлежности во Законот за АНБ, ризикот од евентуални злоупотреби е значително намален“, објасни Малиш Саздовска. Говорејќи за постојаната дебата меѓу примената на посебните истражни мерки, како што е следењето на комуникациите, и заштитата на човековите права, професорката изнесе дециден личен став. „Јас ја поддржувам максимата дека целта ги оправдува средствата кога станува збор за безбедноста. Евентуалното нарушување на човековите права на сторителите преку примена на ПИМ е драстично помала штета отколку загубата на човечки животи. Доколку со следење на комуникациите спречиме терористички акт, целта е целосно постигната“, потенцираше таа. Како илустрација за опасноста од неспречување на ваквите дела, Малиш Саздовска се осврна на настанот во Куманово, кога експлозивна направа беше поставена во контејнер пред училиште. Таа посочи дека тогаш само среќната околност, односно тоа