Професионалните војници по 45-та година продолжуваат како цивили во Армијата — први договори потпишани

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Реформата во Министерството за одбрана, со која на професионалните војници кои навршуваат 45 години возраст им се овозможува да продолжат да работат како цивилни лица, веќе ги дава првите позитивни резултати. Денеска во Министерството за одбрана беа потпишани договори за вработување со професионални војници кои ја наполниле 45-тата година, со што нивниот статус се трансформира во цивилни лица во македонската Армија. Според соопштението на Министерството, денешното потпишување договори е токму резултат на реформата што професионалните војници претходно не можеа да ја користат. Војниците кои ги потпишаа договорите за вработување на неопределено време претходно планираа да заминат од службата со финансиски надомест, односно испратнина. Наместо да ја напуштат службата, тие по 45-тата година ќе продолжат да работат како цивилни лица сè до нивното пензионирање. Од Министерството за одбрана нагласуваат дека оваа суштинска реформа е резултат на заедничката работа со претставниците на синдикалните здруженија и со Генералштабот. Со неа, по повеќе децении, се става крај на неизвесноста за професионалните војници и им се отвора нова, дополнителна можност — трансформација на работниот статус од определено на неопределено време. Притоа, досегашните законски опции и понатаму остануваат во сила за оние кои тоа ќе го изберат. Станува збор за испратнината во висина од две просечни плати во државата за секоја помината година во Армијата, како и за префрлањето во органите на државната и локалната власт. Ставот на Министерството за одбрана и на Генералштабот е едногласен: не постои подобар, поискусен и пообучен персонал за извршување на задачите од луѓето кои го поминале својот работен век во Армијата. Професионалните војници се еден од столбовите на нашата безбедност и ова е вистинскиот начин државата да им се оддолжи за нивниот придонес, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана. Со потпишувањето на договорите на неопределено време, војниците кои досега се соочуваа со н

Професионалните војници по 45-та година продолжуваат како цивили во Армијата — први договори потпишани | FinPortal.mk

Реформата во Министерството за одбрана, со која на професионалните војници кои навршуваат 45 години возраст им се овозможува да продолжат да работат како цивилн