Проектот за доградба на двете згради за ФИНКИ ќе биде готов во ноември, потоа веднаш тендер за изведувач

FinPortal.mk · 25.9.2026 г.

Проектот за доградба на двата објекта наменети за Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), кои се наоѓаат во близина на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, е при крај и се очекува целосно да биде завршен во ноември. По неговото финиширање, Министерството за образование и наука веднаш ќе распише тендер за изведувач, со што конечно ќе започне изградбата на овие објекти кои повеќе од една деценија стојат недовршени. Ова го соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Машинскиот факултет по повод манифестацијата „Европска ноќ на истражувачите“. Таа потврди дека идејното решение е веќе разгледано и дека проектот е во завршна фаза, при што во неговото финиширање учествува и експерт обезбеден преку донација од шпанската влада. „Го видовме идејното решение. Проектот е пред крај. Дополнително имаме донација од шпанската влада и експерт кој, исто така, учествува во работата во финиширање на овој проект. Јас очекувам проектот во ноември да биде комплетно готов. Штом ќе биде готов, веднаш ќе распишеме тендер за изведувач, односно да се почне со градба на овие две и уште една, трета зграда“, изјави Јаневска. Според претходно објавените информации, двете згради наменети за ФИНКИ ќе бидат меѓусебно поврзани со мост. Покрај нив, како што најави министерката, ќе се доградува и трет објект, овој пат наменет за Факултетот за физичка култура (ФФК). Имено, првично еден од двата објекта кај Ректоратот беше предвиден токму за ФФК, но со новите планови тој факултет ќе добие доградба на својата сегашна локација, каде што и моментално се наоѓа. Јаневска потсети дека во изминатата година интензивно се работеше на репроектирање на постоечките објекти, со цел да се изготви современ проект за двете згради кои останаа недоградени повеќе од десет години. Таа објасни дека претходно морало да се направи детална анализа на состојбата, која била изработена со помош на факултетите од Ун

Проектот за доградба на двете згради за ФИНКИ ќе биде готов во ноември, потоа веднаш тендер за изведувач | FinPortal.mk

Проектот за доградба на двата објекта наменети за Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), кои се наоѓаат во близина на Ректоратот н