Прилепската сала „Македонија“ по децении запуштеност добива целосна реконструкција вредна 180 милиони денари

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп, која со децении е во незадоволителна состојба и не се користи во целост за намената за која е изградена, конечно ќе биде целосно реконструирана. Проектот е предвиден од Министерството за спорт во рамките на Програмата за изградба, реконструкција и санација на спортски објекти за 2026 година, а целта е да се обезбедат современи услови за спорт, тренинг и рекреација за младите, спортистите и сите љубители на спортот, соопштија од Министерството. Објектот се наоѓа на улицата „Цане Кузмановски“, во урбано подрачје со добра сообраќајна поврзаност со останатиот дел од градот. Салата е изградена во 1978 година, а во 1993 година била зафатена од пожар, по што била обновена и реконструирана неколку години подоцна. Денес, според соопштението, објектот е во незадоволителна состојба и не се користи во целост за намената за која е изграден, поради што е предвидена негова целосна реконструкција. Салата е наменета за одржување спортски и рекреативни активности во повеќе спортови, меѓу кои ракомет, куглање, одбојка, кик-бокс, борење и мал фудбал. Според проектната документација, просторот за игра е димензиониран според ракометно игралиште со должина од 40 метри и ширина од 20,33 метри, додека висината до највисоката точка изнесува 13,90 метри. Предвиден е заштитен појас од два метра зад головите и по 1,20 метри по должина на страничните линии на салата. По реконструкцијата, спортскиот објект ќе располага со 1.959 седишта за публика, распоредени во 15 реда од двете страни на теренот. Покрај посебните влезови за публика, професионални спортисти и корисници на рекреативните содржини, предвидени се и соодветни пристапи за лицата со попреченост. Проектот не опфаќа само архитектонска реконструкција, туку и зафати во електричните инсталации, водоводот и канализацијата, како и во термотехничките системи. За објектот веќе е изработена техничка документација за основен проект за реконструкција и санација, со намена Б6 – спорт и рекреација. Предвидената

Прилепската сала „Македонија“ по децении запуштеност добива целосна реконструкција вредна 180 милиони денари | FinPortal.mk

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп, која со децении е во незадоволителна состојба и не се користи во целост за намената за која е изградена, конечно ќе биде