Пријавувале насилство, а потоа биле убиени: пет случаи што отвораат прашање за заштитата на жртвите

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Убиствата на жени кои претходно пријавувале насилство, закани и уцени повторно го отвораат прашањето за навременото и ефикасно постапување на институциите. Случаите на Танкица Младеновска од Кочани, Росица Коцева од Велес, Емилија Пешева од Штип, Ивана Јовановска од Скопје и последната трагедија со 17-годишната Билјана од Богданци покажуваат колку сериозни можат да бидат последиците кога предупредувањата не резултираат со соодветна заштита. Танкица Младеновска (46) со години била изложена на закани и уцени од поранешниот партнер и колега Усеин Рашидов. Тој ѝ се заканувал дека ќе објави нејзина компромитирачка фотографија и изнудувал пари од неа. Откако го пријавила, заканите ескалирале, а таа била убиена пред својот дом со 42 убоди од нож. Рашидов бил осуден на доживотен затвор, но подоцна извршил самоубиство во затворската ќелија. Росица Коцева (31) од Велес, и покрај претходните пријави за насилство и закани од поранешниот партнер Илија Стефановски, била убиена заедно со својот татко Киро. По двојното убиство, Стефановски се самоубил. Во врска со постапувањето на полицијата бил поднесен предлог за дисциплинска постапка против 11 вработени во СВР Велес, но нема официјални информации за исходот и за евентуалната одговорност. Емилија Пешева (29) од Штип повеќепати пријавувала насилство од партнерот Фадил Зејнелов, но ги повлекувала пријавите поради страв. Тој ја задавил, а подоцна добил доживотна затворска казна. Во трагедијата во Скопје, Ивана Јовановска го загубила животот заедно со својата шестгодишна ќерка Катја. И во тој случај претходно имало пријави за насилство против нејзиниот сопруг Стојанче. Последниот случај со 17-годишната Билјана од Богданци повторно ја насочи јавноста кон прашањето за институционалната заштита. Девојката само четири дена пред трагедијата пријавила физичко насилство во полиција. Нејзиното изгорено тело било пронајдено во автомобил, а покрај возилото било пронајдено и телото на нејзиното момче Виктор Г. (21). Според првичните сознанија н

Пријавувале насилство, а потоа биле убиени: пет случаи што отвораат прашање за заштитата на жртвите | FinPortal.mk

Убиствата на жени кои претходно пријавувале насилство, закани и уцени повторно го отвораат прашањето за навременото и ефикасно постапување на институциите. Случ