Превенцијата не чека октомври: редовните прегледи на дојка спасуваат животи
FinPortal.mk · 1.10.2026 г.
Ракот на дојката и понатаму е најчестиот карцином кај жените во Македонија, а превенцијата, редовните прегледи и навременото откривање остануваат клучни во борбата против оваа болест. Иако октомври традиционално се одбележува како месец посветен на подигање на свеста за ракот на дојката, лекарите потсетуваат дека грижата за сопственото здравје не треба да се сведе само на еден месец во годината. Пораката е јасна: розов може да биде секој месец, а на преглед не треба да се чека да се почувствува нешто. Според податоците на Институтот за јавно здравје, ракот на дојката е на прво место според бројот на новорегистрирани малигни заболувања кај жените. Бројот на нови случаи од година во година може да варира, но ракот на дојката останува најчестиот карцином кај женската популација. Токму затоа, како што објаснуваат од ПЗУ Центар за дојка во Скопје, превенцијата, редовните прегледи и навременото откривање се од огромно значење. Д-р Катерина Китановска, примариус специјалист по радиодијагностика во ПЗУ Центар за дојка во Скопје, вели дека превенцијата и раното откривање се едни од најважните фактори во борбата против ракот на дојката. Кога туморот се открива во рана фаза, додека е мал и не се проширил надвор од дојката, можностите за успешно лекување се многу поголеми. Во такви случаи, во зависност од видот и карактеристиките на туморот, третманот може да биде помалку агресивен и често е можно да се зачува дојката. Кога болеста се открива во напредната фаза, особено кога постојат метастази, лекувањето станува покомплексно. Денес постојат современи терапии кои можат да ја контролираат болеста и да го продолжат животот, но најдобрата шанса за успешно лекување е кога промената ќе се открие навреме, нагласува д-р Китановска. Таа изразува задоволство што сè повеќе жени доаѓаат на преглед и кога немаат никакви симптоми. Тоа е токму навиката што сакаме да ја поттикнеме, вели таа, редовниот преглед да стане дел од грижата за сопственото здравје, а не нешто што се прави само кога ќе