Превенцијата е најслабата алка во борбата против срцевите заболувања во Македонија

FinPortal.mk · 24.9.2026 г.

Кардиоваскуларните заболувања остануваат водечка причина за предвремена смртност во Македонија, која бележи двојно повисока предвремена смртност од европскиот просек. Ова беше главна порака на панелот „Не пропуштај ниту еден ритам“, организиран по повод Светскиот ден на срцето, каде што здравствените експерти и претставници на институциите се согласија дека превенцијата и раното откривање се најслабите точки во системот, додека третманот ги применува сите современи терапевтски можности. Министерот за здравство, Сашо Клековски, посочи дека во јавноста многу малку се дискутира за срцевите заболувања, иако тие се главен двигател на предвремената смртност. Тој објасни дека главен причинител на смртноста помеѓу 30-тата и 70-тата година од животот се токму кардиоваскуларните болести, поради што мора да се разгледа целиот циклус — од превенција и рано откривање до третман. „Се чини дека во моментот сме најслаби токму во превенцијата и раното откривање, додека во третманот ги применуваме сите современи терапевтски можности“, рече Клековски. Министерот додаде дека систематските прегледи треба доследно да се спроведуваат и да не бидат само формалност. Тој посочи дека мерењето на крвниот притисок, ЕКГ и стрес-тестовите се достапни методи што можат да помогнат во навремено откривање на ризиците. Клековски информираше и дека покренал иницијатива за забрана на нездрава храна во училиштата и за воведување данок на пијалаци со додаден шеќер, како мерки насочени кон намалување на ризик-факторите уште од најрана возраст. Претставникот на Светската здравствена организација во земјава, Аким Али, истакна дека најголем предизвик останува превенцијата. Според него, употребата на цигари не ги афектира само пушачите, туку и сите околу нив, додека физичката активност и добрата исхрана се клучни за здравјето на срцето. Али нагласи дека лекарите можат да дадат совети за исхрана, пушење и физичка активност, и порача дека е време да се имплементира она што веќе се знае. Шефицата на сектор во Дел

Превенцијата е најслабата алка во борбата против срцевите заболувања во Македонија | FinPortal.mk

Кардиоваскуларните заболувања остануваат водечка причина за предвремена смртност во Македонија, која бележи двојно повисока предвремена смртност од европскиот п