Претседателката Сиљановска-Давкова: Уставот е општествен договор, а не само закон над законите

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

По повод 35-годишнината од донесувањето на Уставот на Македонија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставници на Македонското здружение на млади правници, на која присуствуваа и други правници избрани на конкурс. На средбата беше разгледана историјата на донесувањето на највисокиот правен акт, како и неговото значење за правниот поредок и за односот меѓу граѓаните и државата. Сиљановска-Давкова, која во 1991 година беше надворешна членка на Уставната комисија, најпрво го изнесе својот став за концептот, содржината и структурата на Уставот, а потоа ги претстави фазите на неговото донесување. Посебно внимание посвети на подготовката на нацрт-уставот, кој беше ставен на јавна дискусија, а од неа произлегоа бројни забелешки на преднацртот и предлог-измени. Таа ја опиша и атмосферата во која се одвиваше дебатата меѓу пратениците, стручната група која го подготви работниот текст и експертите. Претседателката начелно позитивно го вреднува Уставот од 1991 година, повикувајќи се на компаративните уставни решенија, на оценката на релевантни меѓународни институции и конституционалисти. Истовремено, таа укажа и на проблематичните решенија што не го положиле тестот на времето. Според неа, Македонија е рекордер во уставни измени, меѓу кои голем број се октроирани однадвор, а земјата е редок пример на држава која преамбулата ја сменила двапати. Таа посочи и дека, со непозната уставно-правна техника, Уставот е тежок за читање заради непрецизните и нејасни одредби и различната и неусогласена правна терминологија, што го прави податлив за различни интерпретации. За Сиљановска-Давкова, односот кон Уставот е далеку од однос кон lex superior и кон најважниот општествен договор меѓу граѓаните и државата. Таа оцени дека Уставната комисија, во која треба да се вклучат и надворешни уставно-правни експерти, мора континуирано, по примерот на другите парламенти, да го следи спроведувањето на Уставот, да ги детектира слабостите на уставно-правниот систем и да предл

Претседателката Сиљановска-Давкова: Уставот е општествен договор, а не само закон над законите | FinPortal.mk

По повод 35-годишнината од донесувањето на Уставот на Македонија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставници на Македонското здру