Претседателката Сиљановска-Давкова со претставници на „Обединети Македонци во Канада“: дијаспората бара поголемо влијание во одлучувањето во татковината

FinPortal.mk · 23.9.2026 г.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера оствари средба со двајца претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“ — претседателот Ристо Дурловски и членот Душко Јанков. На средбата, како што соопштија од кабинетот на претседателката, гостите ја запознале шефицата на државата со животот и успесите, но и со проблемите и предлозите на припадниците на македонската дијаспора, кои се врзани за нивното учество во економските, политичките, образовните, научните и културните односи со татковината. Двете страни се согласиле дека македонската дијаспора од Канада е неразделен дел од македонското национално ткиво. Претседателката Сиљановска-Давкова ги информирала соговорниците за усвоената Национална стратегија за дијаспората, која ја оценила како чекор напред во градењето заедништво преку различни форми на соработка, насочени кон полесно и побрзо интегрирање на иселениците во македонскиот општествен живот. Таа ги запознала и со тековните активности околу формирањето на Советот за дијаспора во рамките на нејзиниот кабинет, при што им ја предочила можноста и потребата да номинираат свој претставник во него. Со тоа, како што беше нагласено, на македонската дијаспора од Канада ѝ се отвора институционален канал за учество во креирањето на политиките што ги засегаат иселениците. Претставниците на „Обединети Македонци во Канада“ изразиле интерес за учество на дијаспората на парламентарните и претседателските избори во земјата, како и за потесна комуникација со Агенцијата за иселништво. Тие го истакнале и својот интерес за институционално учество во процесот на одлучување во татковината, особено за прашања што директно ги засегаат, како што е консултирањето при номинацијата на амбасадор и конзули во Канада, но и за други теми од нивен интерес. Во разговорот, Дурловски и Јанков предочиле дека релативизацијата на географијата и далечината, поттикната од подемот на вештачката интелигенција и дигитализацијата, кај најмладите генерации на македонската дијаспора го зго

Претседателката Сиљановска-Давкова со претставници на „Обединети Македонци во Канада“: дијаспората бара поголемо влијание во одлучувањето во татковината | FinPortal.mk

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера оствари средба со двајца претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“ — претседателот Ристо Д