Преспанските овоштари пред берба со преполовени откупни цени и неисплатени субвенции

FinPortal.mk · 17.9.2026 г.

Преспанските овоштари влегуваат во бербата на јаболката со сериозно разочарување од откупните цени, кои годинава се значително пониски од ланските. Според податоците што ги изнесуваат самите производители, индустриското јаболко денес се откупува по цена од само 4 денари за килограм, што е повеќе од преполовено во споредба со минатата година, кога откупот започнал со 9 денари за килограм, а потоа цената се искачила дури до 11 денари за килограм. Ситуацијата со конзумното, односно здравото јаболко не е ништо подобра. Преспанските овоштари велат дека сортовното здраво јаболко сега чини меѓу 20 и 25 денари за килограм, додека лани за истото се добивале од 35 до 40 денари за килограм. За сортата „ајдаред“ производителите велат дека почетната цена е минимална и изнесува само 15 денари за килограм. Ваквиот пад на цените, според овоштарите, директно ги уништува малите производители, кои и без тоа се соочуваат со сè потешки услови за работа. Кире Гулевски, преспански овоштар, коментира дека во најголем дел Преспа годинава беше „пеплосана од мразот“, поради што нема јаболко во големи количини. Тој потенцира дека репер за цената на конзумното јаболко треба да биде цената на индустриското јаболко и дека цена со една цифра во никој случај не треба да биде предмет за коментирање. Климатските промени дополнително ја отежнуваат состојбата, бидејќи во одредени региони на Преспа имаше измрзнување на родот. Покрај ниските откупни цени, преспанските овоштари се жалат и на неисплатени субвенции. Тие велат дека не им се исплатени два денари за реколтата од 2024 година, нема исплата на два денари за произведено јаболко за 2025 година, нема исплата на субвенции за рурален развој, ниту пак се исплатени средства за регистриран земјоделец. „Преспа нема иднина, каде се здруженијата и земјоделските задруги да се занимаваат со земјоделците“, реагираат овоштари преку социјалните мрежи, изразувајќи длабока загриженост за иднината на овоштарството во регионот. Голем проблем за производителите претс

Преспанските овоштари пред берба со преполовени откупни цени и неисплатени субвенции | FinPortal.mk

Преспанските овоштари влегуваат во бербата на јаболката со сериозно разочарување од откупните цени, кои годинава се значително пониски од ланските. Според подат