Пренџов бара итен надзорен состанок за Алта банка: „Девет дена се доволни за ширење паника
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов побара што поскоро да се одржи надзорната расправа на Комисијата за финансирање и буџет за случајот со Алта банка, оценувајќи дека ширењето на паника за банкарскиот систем претставува закана за националната безбедност на земјата. Тој нагласи дека финансиската стабилност, монетарната политика, курсот на денарот и стабилноста на банкарскиот систем се дел од националната безбедност на Република Македонија. Пренџов потсети дека на 2 ноември, на иницијатива на Социјалдемократскиот сојуз, а поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, со консензус била донесена одлука на Комисијата за финансирање и буџет да се одржи надзорна расправа за случајот со Алта банка. Според него, покрај консензусот за одржување на расправата, постоел и целосен консензус таа да се одржи најбрзо што може. Сепак, како што рече, расправата е закажана за 11 ноември, односно девет дена по донесувањето на одлуката, што наводно е најбрзото што може. „А сите знаеме дека девет дена не е нешто што е навистина брзо. Девет дена се користат за ширење страв, хистерија во општеството, манипулирање и лажни вести“, рече Пренџов. Тој оцени дека интересот на Социјалдемократскиот сојуз и на Венко Филипче не се ниту штедачите во банката, ниту луѓето кои се пензионери и земаат пензија од таа банка, ниту пак компаниите кои имаат сметки во Алта банка. „Единствениот интерес на Венко Филипче е ширење вештачка криза, која потоа ќе му користи исклучиво за ден повеќе да ја задржи фотелјата во рамки на Социјалдемократскиот сојуз“, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ. Пренџов побара Обвинителството да се вклучи во ситуацијата и да даде свој придонес, поради, како што наведе, ширење хистерија, страв кај населението и предизвикување несигурност помеѓу граѓаните исклучиво преку лажни вести и полувистини. Тој нагласи дека оваа тема не е дневна политика и не смее да служи за зачувување на фотелјата на Венко Филипче во СДСМ. Според него, целта е што поскоро да се заштитат граѓаните и да се спречи натамош