Пренџов: Ахмети преку кандидатот на ДУИ во Брвеница се обидува да се врати на политичката сцена

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија изјави дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, преку кандидатот на таа партија во Брвеница се обидува повторно да се врати на политичката сцена. Според Пренџов, тој кандидат е само „асет“ на Ахмети во таа намера, а не вистински претставник на интересите на граѓаните. Пренџов оцени дека Али Ахмети е ретрограден политичар, човек кој, како што рече, доколку не ги скара граѓаните меѓу себе на основи што одамна се надминати, нема што да каже во политиката. Тој нагласи дека на граѓаните, независно дали се Албанци или Македонци и независно дали се гласачи на СДСМ или не, им е јасно дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ е вистинскиот избор. Според пратеникот, во Брвеница моментално има двајца кандидати кои продолжуваат во вториот круг. Првиот, како што истакна, е човек којшто е од Брвеница и за Брвеница, човек кој смета дека општината треба да има проект повеќе, градинки, училишта, канализација и подобар живот за сите коишто живеат таму, независно од верската и националната припадност. Вториот кандидат, додаде тој, е „асет“ на Али Ахмети и на ДУИ, човек којшто е таму само за да помогне веќе излезениот од игра Али Ахмети повторно да се врати на политичката сцена. Пренџов изјави дека ВМРО-ДПМНЕ убедливо води во првиот круг со кандидатот Стојанчо Радичевски, а наспроти него во вториот круг е кандидатот на ДУИ. Тој посочи дека господинот Радичевски е оној којшто се бори за Брвеница да биде подобро место за живеење и дека тоа е суштината зошто граѓаните препознаа дека него треба да му ја дадат довербата. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека во јавноста се забележуваат разни математики во однос на изборите, но самиот не сака да ги коментира, туку фокусот, како што рече, да биде на тоа како може општината да се движи напред и да се развива. Тој не смета дека е успех за којшто некој треба да добие аплауз тоа што, како што наведе, ако во Скопје некоја партија била петта, во Брвеница е четврта политичка парт

Пренџов: Ахмети преку кандидатот на ДУИ во Брвеница се обидува да се врати на политичката сцена | FinPortal.mk

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија изјави дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, преку кандидатот на таа парти