Празни трибини и слаби резултати: Дали „подмладувањето“ на ФФМ е само изговор за состојбата во македонскиот фудбал?
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Македонската фудбалска јавност изминатиот период беше сведок на вистинска репрезентативна мизерија. Во периодот кога во фокусот на вниманието беа настапите на македонските селекции, шест репрезентации одиграа вкупно 15 официјални и контролни (пријателски) натпревари. Севкупниот биланс е повеќе од поразителен: забележани се само две победи, два нерешени резултати и дури 11 порази. Ваквиот учинок, кој не остава простор за оптимизам, повторно ја отвори темата за вистинските причини зад празните стадиони кога игра Македонија, но и за оправданоста на често повторуваната фраза „подмладуваме“. Во сенка на дебаклот на сениорската „А“ репрезентација, која никако не може да постигне гол, минаа и настапите на помладите категории. Сепак, токму кај нив имаше и светли моменти. Македонските „надежи“, селекцијата до 17 години, го совладаа Луксембург со 4:1, а потоа одиграа и 1:1. Тоа беше еден од двата нерешени изводи на македонските млади фудбалери. Вториот го имаше репрезентацијата до 21 година, која во евро-квалификациите против Црна Гора одигра 1:1. Црногорците успеавме и да ги совладаме во вториот дуел на репрезентациите до 18 години, откако првиот го загубивме. Победа и реми против истиот противник, Луксембург, имаше и селекцијата до 17 години. Онаа пак две години повод зарасната (У19) загуби од врсниците од Луксембург. Два порази од руските селекции претрпеа и најмладите македонски репрезентативци (до 16 години). Кога ќе се направи сублимат на сите овие резултати, логички се наметнува прашањето со што, односно со кои играчи, всушност се врши тоа најавено подмладување. Селекторот на сениорите, Гоце Седлоски, но и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, постојано потенцираат дека се работи на „подмладување“. Сепак, гледајќи ги резултатите на сите нивоа, јавноста основано се прашува дали ваквата состојба е резултат на планско подмладување или пак на недостаток на квалитетен играчки кадар. Вината за тоа што немаме млади играчи, а имаме лоши р