Посвоените бараат законски измени за да го дознаат своето биолошко потекло

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Посвоените лица во Македонија треба да имаат законско право да дознаат кои се нивните биолошки родители и да добијат пристап до документацијата за своето потекло, порача денеска од Охрид Илија Јовановиќ, претседател на Здружението за заштита, помош и унапредување на статусот на маргинализираните групи граѓани „Градиме иднина“ од Скопје. Тој побара измени на законските одредби што го ограничуваат тоа право, оценувајќи го проблемот како горлив и болен за сите посвоени лица кои трагаат по своите биолошки родители. „Ова е горлив проблем, болна тема за посвоените кои трагаат по своите биолошки родители. За жал, живееме во лага“, рече Јовановиќ, обраќајќи се од Охрид. Според него, посвоените лица со години живеат без никакви сознанија за своето потекло, а многумина преку социјалните мрежи самостојно ги бараат своите биолошки родители, браќата, сестрите и другите роднини. Јовановиќ информираше дека на вчерашната работна средба со претставници на Министерството за труд и социјална политика и со министерот Ѓоко Велковски било ветено формирање комисија што ќе работи на измени на легислативата. Тој во име на посвоените бара да се измени или целосно да се укине членот 123-а, за кој смета дека ги спречува да го дознаат своето биолошко потекло. Покрај пристапот до податоците за биолошкото потекло, Јовановиќ бара и измени со кои ќе се зачува изворниот идентитет на посвоеното лице во документацијата за посвојувањето. „Како што им е дадено името од биолошките родители, така и да остане. Не смее целиот идентитет да се брише“, истакна тој. Како една од најсериозните последици од недостигот на информации за биолошкото потекло, Јовановиќ го посочи ризикот од стапување во брак меѓу лица кои не знаат дека се во сродство. „Не сакаме да дозволиме браќа и сестри да се разделуваат со посвојувањето, а потоа, не знаејќи дека се во сродство, да стапуваат во брак“, рече тој. Притоа наведе случај во кој, според неговото сведоштво, сродството било откриено со ДНК-анализа откако брат и сестра, разде

Посвоените бараат законски измени за да го дознаат своето биолошко потекло | FinPortal.mk

Посвоените лица во Македонија треба да имаат законско право да дознаат кои се нивните биолошки родители и да добијат пристап до документацијата за своето потекл