Поповски: Потребен е втор ребаланс, а тоа не е добра слика за економијата
FinPortal.mk · 26.9.2026 г.
Економските податоци, како и сите статистички податоци, се различни и често можат да дадат спротивставени слики за состојбата на економијата, оценува економскиот експерт Поповски, кој предупредува дека е потребен втор ребаланс на буџетот, што според него не е добра слика за македонската економија. Тој објаснува дека еден податок може да говори едно, а друг сосема друго, и дека сè зависи од тоа кои податоци ќе се изберат за да се направи слика за економијата. Според Поповски, треба да се знае дека има раст на номиналните и на реалните плати, како и раст на номиналните и на реалните пензии. Истовремено, присутна е соодветна инфлација која не е еден или два, туку три или четири проценти. Сето тоа, како што објаснува тој, создава поголеми доходи кај населението, дел инфлациски, дел реални, и тоа ги покачува нагоре депозитите и го покачува кредитирањето. Податокот за раст на бруто-домашниот производ од 3 до 3,5 отсто го оценува како охрабрувачки. Но, Поповски истовремено посочува дека има и загрижувачки податоци. Инфлацијата, според него, уште треба да се скротува, а загрозена е од однесувањето на фискалната власт која и понатаму експанзионистички се движи, и токму од тука произлегува растот на бруто-домашниот производ. Тој уверува дека ако во моментот не е потрезвено поставена монетарната политика и ако се потпреме само на владината политика, инфлацијата ќе оди многу нагоре, затоа што владата форсира дефицити на буџетот и на фондовите. Како поткрепа за својата оценка, Поповски наведува дека дефицитот во 2024 година изнесувал 4,3 отсто, во 2025 година 4 отсто од бруто-домашниот производ, а сега сме некаде околу 3,1 или 2 отсто за шест месеци, што значи дека до крајот на годината, како што се проекциите, сигурно ќе надмине 4 отсто. Тоа за Македонија, смета тој, се високи дефицити кои создаваат потрошувачка кај населението, па и кај фирмите. Потрошувачката ги билда цените, а цените, кога ќе се пондерира тоа што е во инфлациската кошница, ја даваат инфлацијата. Поповски пот