Попоски: Над 20 степени, силен јужен ветер и дожд измешан со сахарска прашина во втората недела од ноември
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Метеорологот Славчо Попоски најавува значителна промена на времето во Македонија во втората недела од ноември, со температури над 20 степени, силен јужен ветер и нови врнежи од дожд. Според неговата прогноза, во периодот од 9 до 16 ноември под влијание на засилено јужно воздушно струење на Балканот ќе пристигнува потопол и повлажен воздух од Атлантикот, што ќе донесе температури значително повисоки од просечните за овој период од годината. „Температури над просекот за ноември, кои ќе се искачат над 20 степени, силен јужен ветер со удари од над 60 до 70 километри на час, но и нови врнежи ни носи втората недела од ноември на Балканот, но и во Македонија“, наведува Попоски во својата најава. Тој посочува дека, и покрај значителното затоплување, времето нема да биде стабилно, бидејќи се очекуваат нови врнежи, кои на одредени места би можеле да бидат пообилни. „Во текот на втората недела од ноември, односно во периодот од 9 до 16 ноември, Атлантикот ќе се активира и ќе ни носи значително потопол, но и повторно повлажен воздух. Повторно ќе има нови пообилни врнежи ширум Балканот, а нови локални врнежи од дожд, повремено пообилни, ќе има и кај нас во Македонија“, објаснува метеорологот. Попоски предупредува и на можноста силното јужно струење да донесе сахарска прашина и песок во атмосферата, поради што воздухот би можел да стане заматен, а дождот да биде измешан со честички прашина. „Ова силно јужно воздушно струење има можност повторно од Сахара кон нашиот дел од Европа да донесе транспорт на прашина и песок, со што атмосферата би можела да ни биде повторно заматена и нечиста, а врнежите што ги очекувам би биле помешани со истата, односно дождот би бил валкан“, истакнува Попоски. Според најавата, температурите во Македонија во овој период значително ќе пораснат, но затоплувањето ќе биде проследено со променливи временски услови, ветер и дожд. Метеорологот најавува дека во наредните денови ќе објави подетални анализи за очекуваните временски промени во Македонија и на Бал