Полска во Собранието ја повтори поддршката за евроинтеграциите на Македонија
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Полска денеска во Собранието одржа средба со потпретседателот на полскиот Сејм, Шимон Холовња, и делегацијата што го придружува, на која беше потврдена поддршката на Полска за европскиот пат на Македонија. Како што информираат од собраниската прес-служба, на средбата присуствувале претседателката на Групата за соработка, Даниела Николова, и членовите Оливер Спасовски, Весна Бендевска, Жан Дрвошанов и Драгана Бојковска. Николова им посакала добредојде на Холовња и на членовите на полската делегација, изразувајќи задоволство од можноста за средба и размена на мислења. Таа ги истакнала добрите и пријателски односи меѓу Северна Македонија и Полска, нагласувајќи ја потребата од нивно натамошно продлабочување и унапредување. Потпретседателот на полскиот Сејм се заблагодарил за топлиот прием и ја потврдил поддршката на Полска за евроинтегративниот пат на Македонија. Тој посочил дека Полска има значајно искуство во надминувањето предизвици и изнаоѓањето решенија за сложени прашања, изразувајќи надеж дека во блиска иднина ќе бидат надминати и отворените прашања со Бугарија. Соговорниците ја оцениле досегашната соработка меѓу двете земји во областите на економијата, туризмот и образованието и ја нагласиле потребата од нејзино проширување во повеќе сектори. Притоа, било посочено дека соработката треба да се развива не само на билатерално ниво, туку и преку работата на парламентарните тела и комисии, кои претставуваат важен дел од парламентарната демократија. Поддршката за европските интеграции на Македонија ја потврдил и Томаш Глоговски, претседател на Пратеничката група за соработка Полска – Балкан во полскиот парламент. Тој истакнал дека ги разбира предизвиците со кои се соочува земјата на патот кон Европската Унија и изразил надеж дека во блиска иднина ќе биде пронајдено заемно прифатливо решение. На крајот од средбата, соговорниците ја потврдиле подготвеноста за продолжување на соработката преку поинтензивни конта