Полициските возила од 2027 година ќе снимаат прекршоци и каде што нема камери на „Безбеден град

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Од 2027 година возилата на Министерството за внатрешни работи ќе бидат опремени и како уреди што ќе констатираат сообраќајни прекршоци онаму каде што го нема системот „Безбеден град“, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Според него, од почетокот на примената ќе бидат вклучени голем број возила на МВР, кои и лоцирани, но и во движење, ќе регистрираат прекршоци на учесниците во сообраќајот. Тошковски објасни дека возачите веќе научиле каде се поставени камерите на „Безбеден град“ и таму ги почитуваат правилата, но каде што нема камери повторно има поинаков тип на управување моторно возило. „Со возилата на МВР ќе можеме да детектираме, пред сè, управување моторно возило со несоодветна брзина. Ценам дека таков тип на контрола е нужен за да можеме да го смириме сообраќајот и таму каде што немаме поставено камери. Оние што несовесно ги управуваат моторните возила полека научија каде се камерите и тоа е добро. Е, сега, не ќе може да претпостават каде ќе бидат полициските возила. Тие ќе може да констатираат прекршок и тој директно ќе биде внесен во дигиталниот електронски систем за доставување, спроведување, процесирање на сите прекршоци“, изјави Тошковски по промоцијата на Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026 – 2030. Министерот додаде дека оваа мерка ќе биде многу клучна, особено во насока на остварување на целите на стратегијата. Тој соопшти и дека до крајот на овој месец во СВР Струмица и градовите што ги покрива овој сектор за внатрешни работи треба да заврши воведувањето на системот „Безбеден град“, а потоа тој ќе биде имплементиран во СВР Штип. Очекува до крајот на годинава или почетокот на 2027 година системот да се применува на целата територија на државата. Според најавите, новата контрола преку полициските возила ќе овозможи детектирање на прекршоците и на делниците што досега не биле покриени со стационарни камери, а прекршоците автоматски ќе се процесираат преку дигиталниот електронски систем. На тој начин, ка

Полициските возила од 2027 година ќе снимаат прекршоци и каде што нема камери на „Безбеден град | FinPortal.mk

Од 2027 година возилата на Министерството за внатрешни работи ќе бидат опремени и како уреди што ќе констатираат сообраќајни прекршоци онаму каде што го нема си