Полициските возила од 2027 година ќе регистрираат сообраќајни прекршоци и надвор од камерите на „Безбеден град

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Од 2027 година возилата на Министерството за внатрешни работи ќе бидат опремени како уреди за констатирање сообраќајни прекршоци, со што полицијата ќе може да ја надополни контролата во подрачјата каде што не е поставен системот „Безбеден град“. Ова го најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој посочи дека станува збор за мерка што ќе биде клучна за остварување на целите на новата национална стратегија за безбедност на сообраќајот. Тошковски изјави дека од почетокот на примената ќе бидат вклучени голем број возила на Министерството за внатрешни работи, кои и лоцирани и во движење ќе регистрираат прекршоци на учесниците во сообраќајот. Според него, со овие возила пред сè ќе може да се детектира управување на моторно возило со несоодветна брзина. „Ценам дека таков тип на контрола е нужен за да можеме да го смириме сообраќајот и таму каде што немаме поставено камери. Оние коишто несовесно ги управуваат моторните возила полека научија каде се камерите, и тоа е добро. Е сега, не ќе можат да претпостават каде ќе бидат полициските возила. Тие ќе може да констатираат прекршок и тој директно ќе биде внесен во дигиталниот електронски систем за доставување, спроведување, процесирање на сите прекршоци“, изјави Тошковски по промоцијата на Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030. Министерот објасни дека возачите веќе научиле каде се поставени камерите на системот „Безбеден град“ и на тие места ги почитуваат правилата, но каде што нема камери „повторно имаме поинаков тип на управување на моторно возило“. Токму затоа, смета тој, контролата преку полициските возила е неопходна за да се смири сообраќајот и во деловите без камери. Тошковски соопшти и дека до крајот на овој месец треба да заврши воведувањето на системот „Безбеден град“ во СВР Струмица и во градовите што ги покрива овој сектор за внатрешни работи, а потоа системот ќе биде имплементиран во СВР Штип. Тој очекува до крајот на годинава или почетокот на 2027 година системот

Полициските возила од 2027 година ќе регистрираат сообраќајни прекршоци и надвор од камерите на „Безбеден град | FinPortal.mk

Од 2027 година возилата на Министерството за внатрешни работи ќе бидат опремени како уреди за констатирање сообраќајни прекршоци, со што полицијата ќе може да ј