Полемика во „Нова Македонија“: суперсилите не исчезнаа, туку го прекројуваат светот
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Тврдењето дека „повеќе нема суперсили“ предизвика жива колегиумска полемика во редакцијата на „Нова Македонија“, поттикната од тезата на Карл Билд во неговата колумна „Повеќе нема суперсили“, објавена во „Проџект синдикејт“ на 21 октомври 2026 година. Според дискусиите на уредничкиот колегиум, изградени се три линии на полемика со ставот на Билд, а заедничкиот заклучок е дека суперсилите не исчезнале, туку го прекројуваат светот. Првата линија на критика на ставот на Билд е поимна, односно дека „способноста да се наметне апсолутна волја не е исто што и способноста да се обликуваат глобалните односи“. Според колегиумот, Билд ја меша неспособноста за апсолутна доминација со исчезнувањето на супермоќта, а тоа не е исто. Фактот што една голема сила не може да ја наметне секоја своја волја не значи дека престанала да биде суперсила. Втората линија на полемика беше геополитичка, односно дека „сојузите, економската принуда и военото одвраќање ја прошируваат моќта на државите и надвор од непосредното бојно поле“. Анализите за новата мултиполарност укажуваат на „растечката важност на сферите на влијание на суперсилите, вклучително и во американската политика, а не дека „повеќе нема суперсили“. Третото поле на критика е од правен и институционален аспект, односно дека „проблемот не е само распределбата на моќта туку и слабеењето на механизмите што треба да го ограничуваат нејзиното самоволно користење“ на моќта на суперсилите, која воопшто не е исчезната. Според колегиумот на „Нова Македонија“, САД и Русија можеби повеќе не можат самостојно да го диктираат секој исход, но нивниот воен потенцијал, нуклеарните арсенали, економските инструменти, политичкото влијание и способноста да ги менуваат безбедносните услови во цели региони ги прават неспоредливи со државите што Билд ги наведува како средни сили. Во анализата на современата моќ не смее да се изостави ниту Кина, чиј подем е еден од клучните фактори на новата глобална рамнотежа. Суперсилата, според полемиката, не се мери са