Полемика меѓу Милошоски и СДСМ за статусот на македонскиот јазик во Европската Унија
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Нова полемика се разви меѓу Антонио Милошоски и СДСМ околу статусот на македонскиот јазик во Европската Унија, откако Милошоски за повод ја искористи обновената стратегија на Унијата во која се нагласуваат членот 55 и членот 342 од Договорот за функционирањето на организацијата. Според тие одредби, како што се наведува, официјалните јазици на институциите на ЕУ, без исклучок, се определуваат со едногласна одлука од страна на Советот на ЕУ. Тоа значи дека ЕУ може да добие нов службен јазик ако тоа биде побарано од земјата кандидат што преговара, но под услов ниедна земја членка да нема приговор, односно вето на таквото барање. Врз основа на таа информација, Милошоски побрза да изјави дека македонскиот јазик не е признаен во Европската Унија и дека го чека можно вето. Од Социјалдемократскиот сојуз, пак, реагираа со став дека македонскиот јазик има свое место во Унијата, дека е прифатен како рамноправен и дека не станува збор за некаква загроза. Како сведоштва од СДСМ ги наведуваат пораките на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, што ги има изречено при престој во Скопје, вклучително и нејзините зборови дека „Европа ја очекува Македонија со нејзиниот идентитет и јазик“. Според анализата на Панде Колемишевски, новото во целата полемика е што никој не кажа ништо ново. Ниту Милошоски, како што се оценува, извади гулаб од шешир за да ја оправда политиката на неговата партија кон ЕУ, ниту СДСМ скокна едно скалило погоре на спознанието и разбирањето на проблемот со јазикот. На секој, и на обичниот човек, а камоли на некој политички упатен, му е познато дека меѓу најважните услови кон Северна Македонија, порано Република Македонија, за почеток на разговорите за членство во Унијата е условот што е поврзан со македонскиот национален идентитет, со историјата и со македонскиот литературен јазик и писмо. Од тие извори, како што се наведува, се напојува, се храни и живее бугарското вето, а не дали има реформи во правосудството, дали Вардар тече матно или на