Покетино сè поблиску до клупата на Манчестер Јунајтед, Керик пред отказ

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Маурисио Покетино е сè поблиску до менаџерската функција во Манчестер Јунајтед, откако раководството на англискиот гигант дошло до заклучок дека е неопходна промена на тренерската позиција и дека Мајкл Керик треба да добие отказ. Аргентинскиот стратег, кој моментално е селектор на репрезентацијата на САД, сè почесто се споменува како главен фаворит за преземање на клупата на „Олд Трафорд“, доколку дојде до разделба со Керик. Британските медиуми и обложувалниците уште вчера го посочија Покетино како најсериозен кандидат за функцијата. Одлуката е донесена по разговорите што се одржале вчера, во кои учествувале директорите Омар Берада и Џејсон Вилкокс. Двајцата директори денеска ќе отпатуваат во Монако, каде што ќе се сретнат со еден од косопствениците на клубот, Сер Џим Ретклиф. Според информациите од Англија, нивната намера е да го убедат дека Мајкл Керик треба да добие отказ. Отказот на Керик би можел да биде официјализиран уште денеска, доколку Сер Џим Ретклиф даде зелено светло. Евентуалното ангажирање на Покетино ќе значи и нов значителен финансиски трошок за клубот од „Олд Трафорд“. Според „Атлетик“, Манчестер Јунајтед ќе треба да ѝ исплати 10 милиони долари, односно околу 7,4 милиони фунти, на Фудбалската федерација на САД за да го ослободи аргентинскиот стратег од договорот. Покетино потпиша нов договор по Светското првенство и моментално е обврзан со американската репрезентација до 2030 година. Сепак, англиските медиуми тврдат дека тој е подготвен да го преземе Манчестер Јунајтед. Во неколку наврати во изминатите години, аргентинскиот стручњак отворено изјавуваше дека сака да се врати во Премиер-лигата. Поранешниот тренер на Тотенхем, Пари Сен Жермен и Челси моментално се наоѓа во Националниот тренинг-центар на фудбалската репрезентација на САД во Фајетвил, Џорџија, каде што го подготвува тимот за четвртфиналните натпревари од Лигата на нации на КОНКАКАФ против Хаити. Првиот дуел е закажан за сабота во Мајами, а реваншот за следниот вторник во Синсинати. План

Покетино сè поблиску до клупата на Манчестер Јунајтед, Керик пред отказ | FinPortal.mk

Маурисио Покетино е сè поблиску до менаџерската функција во Манчестер Јунајтед, откако раководството на англискиот гигант дошло до заклучок дека е неопходна про