По Михаилова Ива распишана централна и меѓународна потерница — МВР бара помош за нејзино пронаоѓање
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Министерството за внатрешни работи распиша централна и меѓународна потерница по Михаилова Ива (23) од Кочани, ќерка на Симеон и Христина, двајцата од Кочани. Потерницата е распишана по барање на Основниот суд во Кочани, а се однесува на кривично дело опфатено со член 300 став 4 и член 297 став 3 од Кривичниот законик на Република Македонија. Според информациите од МВР, Ива Михајлова во Македонија е обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици. Таа има и активно бугарско државјанство, а деновиве избега во Бугарија, каде што се појави преку тамошните медиуми. Врз основа на тие јавни појавувања, македонските власти утврдиле дека младата кочанчанка на нелегален начин ја преминала македонската граница. Кочанскиот суд претходно и изрече мерки на претпазливост — одземање на патна исправа и забрана за напуштање на државата. Бидејќи тие мерки не биле почитувани, судот денеска и определи триесетдневен притвор, кој ќе се смета од моментот кога таа ќе биде приведена. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во телевизиско интервју изјави дека Михајлова нелегално ја напуштила државата и најави распишување меѓународна потерница. „Се надевам дека нашиот источен сосед ќе се одважи да ги почитува меѓународните правила, Европската конвенција за човекови слободи и права, сето она што значи нормална европска држава каква што Бугарија тврди дека е и суштински е дел од семејството на ЕУ“, рече Тошковски во интервју за Сител. Според него, Бугарија тоа треба да го покаже со дела, а не само со декларативни изјави. Македонското МВР претходно соопшти дека Михајлова нелегално излегла од Македонија и нелегално влегла во Бугарија. „Преку заедничкиот контакт-центар со Република Бугарија извршени се проверки и од страна на бугарската гранична полиција, од каде што е добиена информација дека за наведеното лице нема евидентиран легален влез на територијата на Република Бугарија“, соопшти МВР. Медиумите во Бугарија објавија дека Михајлова се наоѓа во Софија. Со распишу