Платформата „Разговори за иднината во 12:05“: Партиските раководства на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се идеолошки осиромашени, без визија

FinPortal.mk · 26.9.2026 г.

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ ја одржа втората сесија посветена на 35-годишнината од независноста на Македонија, насловена „35 години потоа…“, на која учесниците дискутираа за политичкиот и општествениот развој на државата, европската интеграција, иселувањето, економските разлики и потребата од промени во политичкиот систем. Според заедничките заклучоци објавени по средбата, во изминатите 35 години Македонија, во општествено-политичка смисла, имала повеќе ненаучени лекции отколку суштински системски прогрес. Како што соопштија од платформата, на средбата учествувале граѓански активисти кои никогаш не биле членови на политички партии, актуелни опозициски носители на јавни функции и претставници од различни генерации на СДСМ. Разговорот се одвивал според правилото „Chatham House“, односно ставовите од дискусијата не се припишуваат на конкретни учесници. Од платформата оценуваат дека во процесот на меѓународно етаблирање на државата биле направени болни компромиси кои предизвикале долгорочни поделби во општеството и го отежнале спроведувањето на реформите. Симболиката на името „12:05“, велат учесниците, треба да испрати порака дека за дел од потребните промени веќе е доцна, но дека не смее да стане предоцна. Во тој контекст го посочуваат и долгогодишното очекување за полноправно членство на Македонија во Европската Унија. Во заклучоците се критикува и начинот на кој била спроведена транзицијата и приватизацијата, за кои учесниците сметаат дека придонеле за зголемување на економските разлики и осиромашување на голем број граѓани. Како еден од најсериозните проблеми било посочено и иселувањето на младите. „Македонија перманентно старее во демографска смисла“, се наведува во соопштението, при што од платформата предупредуваат дека економското иселување предизвикува сериозна кадровска ерозија во државата. Учесниците упатиле критики и кон начинот на функционирање на политичкиот систем, оценувајќи дека професионалната политика, наместо простор за носење

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“: Партиските раководства на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се идеолошки осиромашени, без визија | FinPortal.mk

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ ја одржа втората сесија посветена на 35-годишнината од независноста на Македонија, насловена „35 години потоа&#8230