Платформата на „платформашите“ тргна со грешна чекори: нема извинување, нема лична одговорност

FinPortal.mk · 28.9.2026 г.

Малата група „пучисти“ која се обидува да се спротистави на онаа мала група што ја држи власта во СДСМ, досега не успеа да најде барем еден човек што јавно ќе се спротистави на убиствената болшевичка порака на „лидерот“ Филипче по катастрофата на локалните избори, дека „и за пораз и за победа никогаш не е на еден одговорноста, секогаш е колективна“. Кога таков ортодоксно ретрограден дух и понатаму провејува во оваа и ваква секта, таму тешко може да има некакви поместувања, особено не од неопходниот вид, па и од оние посочени од групацијата иницијатори на промени. Ова го пишува колумнистот Златко Теодосиевски, кој повторно го потенцира значењето, или важноста, како сакате, на извинувањето во „реалната политика“ како предуслов за некаква доверба, па и простување — она простување коешто Хана Арент го смета за неодминлив услов во политичкиот свет. Тој го велам ова поради фактот што некои од „платформашите“ итекако имаат причина да се извинат на јавноста за дејствувањето во минатото, и тоа токму во редовите на оваа СДСМ, напишана со мали букви. Ако е тоа така, а така е, веќе на стартот прават грешка во чекори, што подоцна може скапо да ги чини кај гласачкото тело, ако се осмелат да излезат на избори, се разбира. Зашто некој, некогаш, и кај нас ќе мора да ја надмине некултурната провинциска убеденост во непогрешливоста во политичкото делување. Понатаму, бидејќи станува збор за, повеќе или помалку, академска односно интелектуална група луѓе, Теодосиевски мора пак да потсети на Арент и нејзиното укажување дека „делата и говорот“, во крајна линија, не значат, не „произведуваат“ ништо; нивниот „продукт“ се интерпретативните наративи што произлегуваат од нив. А од овие изминати седум, плус оние 28 години партократски криминал и корупција, во јавноста произлегоа страотни наративи. Да, граѓанинот слуша и гледа, а виденото и слушаното, комбинирано со реално стореното, создаваат политичко значење. Па следствено, ниту во овој поглед дотичната „Платформа“, барем на почетокот, не ги

Платформата на „платформашите“ тргна со грешна чекори: нема извинување, нема лична одговорност | FinPortal.mk

Малата група „пучисти“ која се обидува да се спротистави на онаа мала група што ја држи власта во СДСМ, досега не успеа да најде барем еден човек што јавно ќе с