Платформата „12,05“ му подготвува план за промени на Филипче — бараат СДСМ да се отвори кон членството

FinPortal.mk · 27.9.2026 г.

Платформата „12,05“, која се залага за промени во СДСМ, на денешната проширена расправа заклучи дека на лидерот на партијата Венко Филипче ќе му достават План за консолидација и структурни промени, со цел, како што беше наведено, „за доброто на партијата“. Расправата се одржа по брифингот со новинарите што оваа група го имаше во четвртокот, а на денешниот собир се зборуваше за актуелната состојба во главната опозициска партија. Главното лице на оваа група е Игор Ивановски, поранешен потпретседател на СДСМ, пратеник и долгогодишен дел од партискиот врв, особено во времето кога со партијата раководеше Бранко Црвенковски. Пред почетокот на денешната расправа, Ивановски пред новинарите изјави дека знае оти на Венко Филипче му е тешко и дека ќе му биде уште потешко, но, како што нагласи, не смее да му биде потешко на СДСМ. Според него, Филипче има шанса барем на крајот со своите постапки да помогне оваа, во моментов, заробена партија да се отвори и да му се врати на членството. Ивановски посочи дека низ нормална демократска постапка, процедури, на крајот членството ќе одлучува, но и дека е јасно оти во ваква состојба каква што е сега партијата не може да победи на избори. По малку неочекувано, на расправата се појави и пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, кој беше кандидат за градоначалник на Скопје. Тој рече дека ја прифатил поканата за да разговара за различни опозициски елементи на општеството. Уште понеочекуван беше неговиот напад на СДСМ пред почетокот на дискусијата, кога оцени дека СДСМ е колосално разочарување за македонските граѓани во изминатите 30 години, бидејќи, како што рече, се претставувал како антипод на ВМРО-ДПМНЕ. Според изнесеното, тоа било и прилично провокативно, затоа што негови домаќини на панелот беа луѓе кои подолго време беа во врвот на СДСМ. Меѓу присутните на панелот беа Андреј Петров, кој беше генерален секретар и член на Извршниот одбор на СДСМ, Гордан Георгиев, поранешен потпретседател, поранешниот генерален секретар Никола Ќуркчиев, пора

Платформата „12,05“ му подготвува план за промени на Филипче — бараат СДСМ да се отвори кон членството | FinPortal.mk

Платформата „12,05“, која се залага за промени во СДСМ, на денешната проширена расправа заклучи дека на лидерот на партијата Венко Филипче ќе му достават План з