Платформата „12,05“ бара структурни промени во СДСМ, Мециновиќ ја нарече партијата колосално разочарување

FinPortal.mk · 26.9.2026 г.

Платформата „12,05“, која се залага за промени во редовите на СДСМ, на денешната проширена расправа заклучи дека на лидерот на партијата Венко Филипче ќе му достави План за консолидација и структурни промени, со цел, како што беше наведено, „за доброто на партијата“. Расправата се одржа во четвртокот со брифинг со новинарите, а денеска продолжи со панел на кој се зборуваше за актуелната состојба во главната опозициска партија. Главното лице на оваа група, Игор Ивановски, е поранешен потпретседател на СДСМ, пратеник и долго време дел од врвот на партијата, особено во периодот кога со неа раководеше Бранко Црвенковски. Пред почетокот на денешната расправа, тој за новинарите изјави дека знае оти на Венко Филипче му е тешко и дека ќе му биде уште потешко, но, како што нагласи, не смее да му биде потешко на СДСМ. Според него, Филипче има шанса барем на крајот со своите постапки да помогне оваа, во моментов, заробена партија да се отвори и да му се врати на членството. Ивановски додаде дека низ една нормална демократска постапка и процедури, членството на крајот ќе одлучува, но дека е јасно оти во ваква состојба каква што е сега, партијата не може да победи на избори. По малку неочекувано, на расправата се појави и пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, кој беше кандидат за градоначалник на Скопје. Тој рече дека ја прифатил поканата за да разговара за различни опозициски елементи на општеството. Уште понеочекуван беше неговиот напад на СДСМ пред почетокот на дискусијата, при што изјави дека СДСМ е „едно колосално разочарување за македонските граѓани во изминативе 30 години“, бидејќи, како што рече, се претставувал како антипод на ВМРО-ДПМНЕ. Во некоја рака, тоа беше и прилично провокативно, затоа што негови домаќини на панелот беа луѓе кои подолго време беа во врвот на СДСМ – Андреј Петров како генерален секретар и член на Извршниот одбор, Гордан Георгиев како потпретседател, поранешниот генерален секретар Никола Ќуркчиев, поранешниот портпарол Емилијан Станковиќ, како и С

Платформата „12,05“ бара структурни промени во СДСМ, Мециновиќ ја нарече партијата колосално разочарување | FinPortal.mk

Платформата „12,05“, која се залага за промени во редовите на СДСМ, на денешната проширена расправа заклучи дека на лидерот на партијата Венко Филипче ќе му дос