Петрушевски: Филипче води селективна борба против корупцијата и ја користи за пресметка со неистомислениците во СДС

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција го обвини лидерот на СДС, Венко Филипче, дека води селективна борба против криминалот и корупцијата и дека антикорупциските наративи ги користи како алатка за внатрепартиска пресметка со неистомислениците во сопствената партија. Според Петрушевски, ваквото однесување на Филипче не е вистинска борба против корупцијата, туку избирачки пристап кон случаите, во зависност од тоа дали осомничените му се блиски или не. Петрушевски се осврна конкретно на актуелните обвинувања за скандал тежок 37 милиони евра во Министерството за одбрана, од времето кога на чело на министерството беше Славјанка Петровска. Таа денес е актуелна пратеничка на СДС и е дел од платформата „12.05“, која бара реформи и промени во партијата. Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, токму овој случај најдобро покажува како Филипче ги избира целите на својата наводна антикорупциска борба, насочувајќи ја кон оние кои му се внатрепартиски неистомисленици. „Венко Филипче и талогот од СДС зборуваат само за ЕУ и нашето пристапување во ЕУ по секоја цена. Во оваа прилика им укажуваме дека еден од главните услови за ЕУ е токму борбата против корупцијата. Ова што Филипче сега го прави изгледа како селективна борба против корупцијата и борба против сопартијци кои му се неистомисленици. Меѓу нив последен е случајот кој го наведе, поточно скандал тежок 37 милиони евра во Министерството за одбрана кога министерка беше Славјанка Петровска, актуелна пратеничка на СДС, а сега и дел од платформата 12.05 која бара промени во СДС“, истакна Петрушевски на прес-конференцијата. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ повика институциите да постапат по овој случај, а од лидерот на СДС побара конкретни докази и документи да бидат доставени до надлежните органи. Тој потсети дека ВМРО-ДПМНЕ јавно го повикало јавното обвинителство да постапи за случајот со скандалот во Министерството за одбрана, како што, како што рече, го повикува за секој случај со корупција и криминал, без

Петрушевски: Филипче води селективна борба против корупцијата и ја користи за пресметка со неистомислениците во СДС | FinPortal.mk

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција го обвини лидерот на СДС, Венко Филипче, дека води селективна борба против криминало