Петрушевски: Филипче води селективна борба против корупцијата, а не против криминалот

FinPortal.mk · 5.10.2026 г.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска на прес-конференција го обвини лидерот на СДС, Венко Филипче, дека води селективна борба против криминалот и корупцијата и дека антикорупциските наративи ги користи за внатрепартиска пресметка со неистомислениците во СДС. Според Петрушевски, Филипче и дел од раководството на СДС зборуваат само за европскиот пат и за пристапувањето во Европската Унија по секоја цена, но притоа забораваат дека еден од главните услови за членство во Унијата е токму борбата против корупцијата. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ се осврна на актуелните обвинувања за скандал тежок 37 милиони евра во Министерството за одбрана, од времето кога на чело на министерството беше Славјанка Петровска. Петровска денес е актуелна пратеничка на СДС и дел од платформата „12.05“, која бара реформи и промени во партијата. Според Петрушевски, токму овој случај е показател дека Филипче не води борба против криминалот, туку борба против сопартијците кои не му се истомисленици. „Венко Филипче и талогот од СДС зборуваат само за ЕУ и нашето пристапување во ЕУ по секоја цена. Во оваа прилика им укажуваме дека еден од главните услови за ЕУ е токму борбата против корупцијата. Ова што Филипче сега го прави изгледа како селективна борба против корупцијата и борба против сопартијци кои му се неистомисленици. Меѓу нив последен е случајот кој го наведе, поточно скандал тежок 37 милиони евра во Министерството за одбрана кога министерка беше Славјанка Петровска, актуелна пратеничка на СДС, а сега и дел од платформата 12.05 која бара промени во СДС“, истакна Петрушевски на прес-конференцијата. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ ги повика надлежните институции да постапат по овој случај, а од лидерот на СДС побара конкретни докази и документи да бидат доставени до надлежните органи. Според него, ВМРО-ДПМНЕ јавно го повикало Јавното обвинителство да постапи за случајот со Министерството за одбрана, како што, како што рече, го повикува за секој случај на корупција и криминал без разлика кој

Петрушевски: Филипче води селективна борба против корупцијата, а не против криминалот | FinPortal.mk

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска на прес-конференција го обвини лидерот на СДС, Венко Филипче, дека води селективна борба против криминалот