Петрушевски: Бараме компромис што носи предвидлив пат кон ЕУ, а не ново барање
FinPortal.mk · 25.9.2026 г.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во гостување на телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“, го коментираше обраќањето на претседателот на Владата пред 81. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, кое беше пренесено во програмата на телевизијата. Според Петрушевски, обраќањето ја потврдило геополитичката ориентација на земјата, стратешкото партнерство со НАТО, САД и Европската Унија, како и цврстата определба за европска иднина, но со јасно дефинирани услови. „Се потврди нашата геополитичка ориентација, стратешкото партнерство со НАТО, САД и ЕУ. Во делот на евроинтегративниот процес на Македонија, ние не бараме полесен пат, ние бараме предвидлив пат заснован на мерливи правила и критериуми“, рече Петрушевски, пренесувајќи ја главната порака од говорот на премиерот. Како една од најважните пораки од обраќањето, Петрушевски ја издвои тезата дека легитимитетот извира од граѓаните, а не од политичката функција. Во тој контекст, тој ја посочи Македонија како еклатантен пример за процес во кој, како што наведе, во минатото биле исполнувани бројни барања и биле правени промени во име на европската иднина, но без да се обезбеди предвидливост на патот кон Европската Унија. „Македонија е еклатантен пример. Во минатото, историски ако гледаме, сме исполнувале многу барања, сме менувале многу работи, сè во име на таа европска иднина, но никогаш не доаѓа, туку напротив, доаѓа ново барање. Сега имаме премиер кој цврсто пред сите во Њујорк рече дека сакаме компромис, но компромис којшто ќе ни донесе предвидлив пат, а не компромис којшто ќе ни донесе уште едно барање, и мислам дека тоа е најголемата силина на овој говор“, истакна Петрушевски. Тој се осврна и на делот од говорот за заложбите Македонија да стане посилна држава, со ефикасни институции, владеење на правото и конкурентна економија. Посебно го издвои делот од обраќањето посветен на модерните технологии, дата-центрите и вештачката интелигенција, поврзувајќи ги со современиот суверенитет на државата. „Во