Петровска разрешена од заменик-координаторка на пратеничката група на СДСМ: Заканите нема да ме скротат

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Пратеничката Петровска е разрешена од функцијата заменик-координаторка на пратеничката група на СДСМ, а веста за оваа одлука ја дознала денеска на координација во Собранието на која бил присутен и лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Според она што го изнесе јавно, одлуката доаѓа во момент кога, како што оцени, во рамките на најтесното раководство на партијата се помалку има демократски капацитет за дискусија. Петровска порача дека ваквата одлука не ја менува нејзината определба и дека никакви закани не можат да ја скротат да го прави она во што вистински верува, а тоа се реформите и промените за подобро. „Реков дека колегите не треба да чувствуваат тежина кога ќе се потпише. Кога одлуката ја носат луѓе што забегале од социјалдемократијата, можам да кажам дека таа е признание за мојот борбен дух и дека ништо и никакви закани не можат да ме скротат да го направам тоа во кое што вистински верувам, а тоа се реформите и промените за подобро“, изјави таа. Таа претпоставува дека причина за ваквата одлука е нејзиното учество во платформата „Разговори за иднината во 12:05“, бидејќи, како што наведе, досега немала забелешки на нејзината работа како пратеник. На прашањето што ќе значи оваа одлука за нејзината работа во Собранието како пратеник, Петровска посочи дека останува во рамките на пратеничката група на СДСМ и дека ќе го даде својот максимум да одговори на задачите што ќе бидат побарани од неа, но тоа, како што рече, нема да влијае на нејзините ставови и мислења. „Ќе го дадам својот максимум да одговорам на задачите што ќе бидат побарани од мене, но тоа нема да влијае на моите ставови и мислења. Ако раководството има други намери или други цели, тоа може да го соопшти. Јас сум и секогаш ќе останам дел од СДСМ, без разлика дали тоа некому му се допаѓа или не“, кажа пратеничката. На прашањето дали стравува од можноста за целосно исклучување од партијата, Петровска одговори дека никој не може да ѝ забрани да се чувствува и да дејствува како социјалдемократ. Според неа, во СДСМ

Петровска разрешена од заменик-координаторка на пратеничката група на СДСМ: Заканите нема да ме скротат | FinPortal.mk

Пратеничката Петровска е разрешена од функцијата заменик-координаторка на пратеничката група на СДСМ, а веста за оваа одлука ја дознала денеска на координација