Петровска: Останувам во СДСМ и покрај разрешувањето, никој не може да ми забрани да се однесувам како вистински социјалдемократ
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Пратеничката Славјанка Петровска порача дека останува дел од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и покрај разрешувањето од функцијата заменик-координатор на пратеничката група на СДСМ, нагласувајќи дека нема да отстапи од своите ставови и од барањето за промени во партијата. Во гостување во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, Петровска изјави дека ќе продолжи активно да дејствува во рамките на пратеничката група и дека ќе ги исполнува обврските што ќе ѝ бидат доверени, но тоа нема да влијае врз нејзините лични ставови и политички убедувања. „Јас ќе продолжам во рамките на пратеничката група. Ако раководството има некои други намери или други цели, тоа може да го соопшти. Меѓутоа, јас сум била, сум и ќе останам дел од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, без оглед на тоа дали на некој му се допаѓа или не“, изјави Петровска. На прашањето дали стравува од можноста за целосно исклучување од партијата, таа одговори дека никој не може да ѝ забрани да се чувствува, да дејствува и да се однесува како вистински социјалдемократ. Петровска оцени дека во СДСМ расте поддршката за промени и за процес на демократизација на партијата. Според неа, наместо да се водат расправи за тесни разлики во бројот на гласови, партијата треба да се фокусира на идеите, идеологијата и политиките со кои ќе настапува пред граѓаните. Таа упати критики и кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и кругот околу него, оценувајќи дека продолжувањето на внатрепартиските расправии ја троши енергијата на партијата и го оддалечува фокусот од суштинските политички прашања. „Во политиката никогаш не разговарате и не се фокусирате на еден човек, се фокусирате на идеи, особено кога сте дел од раководство, имате одговорност за тоа. Се фокусирате на идеи, на идеологија и таа идеологија да преовлада, вашата идеологија да преовлада и да победите на изборите“, порача Петровска. Таа предупреди дека продолжувањето на ваквите внатрепартиски конфликти претставува губење време, додека, според неа, власта предводена