Петров: Средбите во хотел се културни, но соопштувањето ставови од Халкидики е некултурно

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Професорот д-р Андреј Петров, гостувајќи во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, ги отфрли обвинувањата дека иницијативата во која учествува претставува неформално организирање надвор од партиските структури и дека се темели на недемократски принципи. Според него, токму спротивното се случува во актуелните партиски процеси, а не во иницијативата која ја поддржува. Петров потсети дека во минатото во СДСМ постоеле ситуации во кои локалните организации можеле самостојно да носат одлуки, да се спротивстават на партиското раководство и да ги застапуваат своите ставови. „Ние сме се повлекувале кога сме гледале дека луѓето се убедени во нешто. Не била таква партија, не била партија во која треба да се почитува гласот на еден човек“, рече Петров во гостувањето. Според него, проблемот е поширок и одговорност за состојбата имаат сите кои во минатото извршувале високи функции во партијата. Петров оцени дека доколку некој смета оти одредени работи не се прават добро, критиката треба да биде отворена и директна. „Ако нешто не чини, тоа што не чини треба да се каже, треба да се каже отворено и треба да се каже во очи“, истакна тој. Тој објасни дека членовите на иницијативата, пред да излезат со своите ставови во јавноста, претходно разговарале меѓусебно и со други луѓе, но оти не успеале да постигнат разбирање. Според Петров, тоа е причината поради која ставовите на крајот биле соопштени јавно. Петров се осврна и на квалификациите дека станува збор за таканаречена „хотелска коалиција“. Според него, сосема е нормално политичари и други јавни личности да се среќаваат во хотели, ресторани или други јавни места за да разговараат или да организираат конференции. „Логично е во хотели да се сретнеш, да разговараш, да направиш конференција, тоа е културно“, рече Петров. Сепак, тој направи јасна разлика меѓу самите средби и начинот на кој политичарите ги претставуваат своите ставови во јавноста. „Она што е некултурно е да ги соопштуваш своите ставови од Халкидики“, рече Петров, алудирајќи на

Петров: Средбите во хотел се културни, но соопштувањето ставови од Халкидики е некултурно | FinPortal.mk

Професорот д-р Андреј Петров, гостувајќи во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, ги отфрли обвинувањата дека иницијативата во која учествува претставува неформално