Петмина обвинители во трка за нов шеф на ОЈО ГОКК – гласаат 187 јавни обвинители

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Сто осумдесет и седум јавни обвинители со право на глас денеска избираат нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Изборот се спроведува со тајно и непосредно гласање, а гласањето е отворено од 8 до 16 часот, по што на јавна седница ќе бидат сумирани резултатите и ќе биде познато кој ќе застане на чело на Обвинителството надлежно за борба против организираниот криминал и корупцијата. Во трка за функцијата се петмина кандидати. Меѓу нив се обвинителот во Вишото јавно обвинителство Скопје, Трајче Пеливанов, и неговиот колега од истото Вишо обвинителство, Јован Цветановски. За местото се натпреварува и обвинителката на Основното јавно обвинителство Скопје, Лидија Раичевиќ, како и обвинителите во ОЈО ГОКК, Искра Хаџи Василева и Фатон Азизи. Постапката за избор ја спроведува комисија формирана од Советот на јавните обвинители, во состав Ермон Незири, Кети Петкова и Светлана Стојковиќ. Претходно, на 13 октомври, петтемина кандидати на седницата на Советот ги презентираа своите програми, на кои ги изложија плановите за работата на Обвинителството во следниот период. Според генералниот заклучок од презентациите, меѓу приоритетите на сите кандидати е зајакнувањето и максималното искористување на капацитетите на истражните центри, фокусот на финансиските истраги, кадровското доекипирање и унапредувањето на соработката со другите институции во чиј опис на работата е санкционирањето кривични дела од областа на организираниот криминал и корупцијата. Поголема независност на ОЈО ГОКК, исто така, е дел од програмските приоритети на кандидатите за нов шеф на ова Обвинителство. Изборот се спроведува поради истекување на мандатот на актуелниот шеф на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, кој на функцијата беше избран во октомври 2022 година. Иако имаше право, тој непосредно по објавувањето на огласот, на брифинг со новинарите, кажа оти не размислува за повторна кандидатура и дека планира да се врати во Вишото јавно обвинителство Гостивар. Со огле

Петмина обвинители во трка за нов шеф на ОЈО ГОКК – гласаат 187 јавни обвинители | FinPortal.mk

Сто осумдесет и седум јавни обвинители со право на глас денеска избираат нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈ